Намирници богати со цинк кои треба да ги додадете во исхраната

2360

Цинкот е многу важен минерал и тој учествува во многу процеси во организмот. Како и другите минерали, така и цинкот треба да се консумира редовно преку исхраната или како додаток.

Тој го засилува дејството на некои хормони од половата жлезда, хипофизата, надбубрежната жлезда, го подобрува формирањето на хемоглобинот и еритроцитите и го зголемува ИМУНИТЕТОТ на организмот. Цинкот учествува во разложување на јаглехидратите (шеќери), мастите и протеините и одлично ја отстранува алкохолната интоксикација.

Освен тоа, цинкот помага и за одржувањето на добар изглед на кожата. Тој го контролира лачењето на лојните жлезди и помага во борбата против акните. Исто така, добриот вид на очите во голема мера зависи од цинкот.

Недостатокот на цинк е причината за тешко зараснување на раните, груба кожа, лош апетит, нарушување на осетот за вкус и мирис, низок раст, зголемување на црниот дроб и слезинката, анемија, дијабетис, остеопороза, замор, нервни заболувања, кожни болести, нарушена функција на имунолошкиот систем. Недостатокот на цинк кај бремени жени може да доведе до компликации во бременоста, а понекогаш и до исфрлање на плодот од матката. Дневната потреба од цинк изнесува од 10 до 15 мг. Кај бремените жени, доилките и вегетаријанците оваа количина е поголема.

Каде се наоѓа цинкот?

Овес

Една од најдобрите комбинации за појадок е овесот што ќе ви овозможи доволно енергија во текот на денот. Покрај тоа, овесот го стимулира губењето на вишокот масти кои се наталожиле на стомакот и помога во согорување на најтврдокорните масти. Со него се регулира нивото на шеќерот во крвта, се намалува лошиот холестерол и се подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, доколку се консумира редовно. Освен тоа, овесот изобилува со протеини, влакна и минерали.

Школки

Школките се едни од најдобрите природни извори на цинк. Освен цинк и железо, школките содржат многу витамини, а малку калории. Ако сте обожавател на морските плодови и морската храна, школките се одличен избор за вас. Почестете се со некој морски специјалитет со школки барем еднаш во неделата и направете чуда за вашето здравје.

Црвено месо

Црвеното месо (телешко, јагнешко, свинско) е богато со железо, цинк, фосфор и Б витамини. Црвеното месо, поточно говедското, свинското и јагнешкото имаат огромно влијание врз балансот на исхраната поради својата висока нутритивна вредност. Со цел стабилизирање на нивото на железо во крвта, се препорачува да се внесува парче црвено месо во 3 оброка неделно.

Јаткасти производи

Јаткастите плодови и семињата претставуваат одличен извор на хранливи материи бидејќи содржат голема количина на цинк, железо, амино киселини и здрави масти и затоа овие продукти можат да најдат место во секоја тренинг исхрана. Бадемите помагаат во намалување на холестеролот и тие имаат висока содржина на олеинска киселина која го штити срцето од некои болести. Семките од тиква можат да се сместат во категоријата супер храна бидејќи содржат одлична количина на амино киселини глутамин, глицин и аланин, како и поголема количина на цинк. Редовното конзумирање на семки од тиква може да помогне во борбата против рак на простатата. Семките од тиква исто така содржат одредена количина на протеини, железо, фосфор и претставуваат одличен извор за грицкање за сите вегетаријанци.

Црно чоколадо

Можеби не е толку слатко и млечно како обичното чоколадо, но затоа црното чоколадо е една здрава алтернатива за оние кои внимаваат на исхраната од кои било причини. Црното чоколадо не само што ќе ја задоволи потребата од шеќер во организмот, туку и ќе го обезбеди со доволна количина на цинк и железо.

Швајцарско сирење

Имате огромна палета на избор на сирење, а швајцарското сирење треба да ви биде на ум секојпат кога одите во продавница. Ова сирење е богато со цинк, односно 132г порција содржи околу 5.8мг од есенцијалниот минерал. Швајцарското сирење е исто така навистина добар извор на калциум, кој има клучна улога во здравјето на коските. Но, можеби најдобрата работа поврзана со швајцарското сирење е тоа што ги содржи сите есенцијални аминокиселини, што го прави комплетен протеин. Меѓутоа, швајцарското сирење е исто така богато со лоши масти, што значи дека не треба да се залажувате и треба да бидете внимателни при консумирање на овој производ.

Грашок

Грашокот е мешункаст зеленчук кој е достапен во текот на целата година, ако не во свежа, тогаш во замрзната или сушена форма. Овој мешункаст зеленчук, во последно време, го привлече вниманието на нутриционистите. Тој е одличен сојузник во борбата против болестите, бидејќи е богат со хранливи и корисни материи. Во 100 грама грашок се содржат само 81 калорија, а изобилува со цинк, јаглеродни хидрати, растителни влакна, глукуронска киселина, фруктоза и гликоза. Освен протеини, грашокот содржи и масти и лецитин, материи важни за нервниот систем.
Грашокот е одличен извор на витамините Ц и Е, а ги содржи и витамините Б1, Б2 и БЗ, кои учествуваат во