БЕРЛИН – Научниците соопштија дека минатото лето во Европа било најтопло по податоците со температури кои биле за еден степен Целзиусови повисоки од просекот во изминатите три децении.
Извештајот објавен денеска од Европската служба за климатски промени Коперник покажа дека пролетта 2021 година била постудена од просекот, додека летните месеци биле обележани со силни и долготрајни топлотни бранови, кога биле срушени бројни нови температурни рекорди, вклучително и невидените 48, 8 степени Целзиусови измерени на Сицилија во август минатата година.
Долготрајните високи температури придонесоа за пожари во Сибир, Грција и Турција минатата година, меѓу другите, а експертите велат дека тоа ја зголемило веројатноста за обилни дождови, како оние што доведоа до смртоносни поплави во Белгија и Германија во јули.
Температурите на површината на морето минатата година беа повисоки од било кое време од најмалку 1992 година во источниот Медитеран и делови од Балтичкото Море, каде температурите се зголемија за повеќе од пет степени Целзиусови над просекот во текот на летните месеци, пишува Бета.

Годишната брзина на ветерот во делови од Западна и Централна Европа беше меѓу најниските од најмалку 1979 година, според Службата за климатски промени Коперник. Ова доведе до намалување на проценетиот потенцијал за енергија од ветер, еден од главните извори на обновлива енергија на кој европските земји се потпираат за да ги намалат емисиите на стакленички гасови од производството на електрична енергија.
Наодите на европската агенција се базираат на податоци од метеоролошките станици на земјата и сателитски набљудувања од 1950 година.
На глобално ниво, извештајот покажа дека 2021 година била меѓу седум и пет од најтопли години забележани досега, во зависност од податоците кои се користени.



















