Комбинацијата на селен, цинк и витамин Ц го зајакнува имунолошкиот систем и тој може поуспешно да се спротивстави на инфекциите. Најважниот услов, сепак, е да се пијат посебно, односно како моно-препарати.
Подобро да се избегнуваат таблети со комбинирани витамини и минерали. Ретко кој знае дека се антагонисти на пример бакар и цинк или калциум и фосфор.
Селенот не е под влијание на цинк и витамин Ц. Ако се напиете селен, можете да пиете цинк по 15 минути. Помеѓу него и витамин Ц, сепак, мора да има најмалку два часа, бидејќи витаминот попречува апсорпцијата.
Цинкот е неспецифичен активатор на имунитетот. За превенција доволни се 1-2 таблети од 10 mg на ден. При првите знаци на респираторна инфекција доза се зголемува на 3-4 таблети на ден, или до 40 mg. И може да се пие и во текот на сезоната.
Селенот е антиоксиданс. Тој ги уништува слободните радикали, кои се формираат при воспаление. Со дефицит на селен се намалува активноста на ензимот и слободните радикали може да ја нападнат ДНК. Па така може да предизвикаат мутации, а тие да предизвикаат канцерогени процеси. Ова е механизмот со кој селенот го спречува ракот на простата.
Дневната доза на селен е 100 мг за мажи и жени. Секако дека со јадењето лук се добива селен, доволни се 2-3 чешниња секоја вечер. Профилактичка доза на витамин Ц е 500 mg дневно. Сепак, ова е дозволено само за 2-3 дена, бидејќи витаминот е киселина. Дозата за превенција може да се земе подолго време, но не со месеци.
Витаминот Ц му помага на имунолошкиот систем против вирусни и бактериски напади и воспаление. Тој исто така е антиоксиданс.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















