Страв од Сонцето | Фото

1694

Вселенската временска прогноза за следните неколку години предвидува Сончеви бури со евентуални катастрофални затемнувања на Земјата.

Дали сме подготвени за такво нешто?

21 јули 2011. година Вриење во сончевата атмосфера е снимено со ултравиолетови зраци од опсерваторијата на соларната динамика на НАСА, која е лансирана во 2010. година за подобро да се разбере Сончевата активност и нејзиното влијание врз Земјата. На оваа обоена снимка (со помош на кодови за бои кои прикажуваат различни бранови должини на светлината) блескавите коронарни јазли прават лак меѓу областите на интензивна магнетна активност, додека постудените, потемни конци висат обесени во Сончевото магнетно поле.
9 август 2011. Факел од X-класа, најсилен во класификациониот систем NOAA, речиси го заслепи сензорот на Опсерваторијата на соларната динамика. Бидејќи врвот на соларниот циклус се очекувал во 2013. година, би требало да се очекуваат сѐ повеќе факели и масивни коронални ерупции кон Земјата.
Директното влијание на масивните коронални ерупции може да ги уништи електричните водови, како што се овие во Македонија.

1. септември 1859. Астрономот Ричард Карингтон токму ги вцртувал Сончевите пеги (области на интензивни магнетни активност на Сончевата површина), кога два сјани блесока (А и Б, горе) ненадејно се појавиле во рамките на една голема група на Сончеви пеги. Неколку часа подоцна, Земјата ја погодила најмоќната геомагнетна бура, за која до сега се знае.

24. јануари 2012. година Поларната светлина титра над мостот Сомарој на островот Квалеј во северна Норвешка за време на интензивната соларна активност. Поларната светлина се создава кога наелектризираните соларни честички се судираат со атмосферските гасови и ги палат како неонска светилка. Овој феномен е најчест во близина на половите, но за време на силните Сончеви бури може да се види уште подалеку на југ.
7.Јуни 2011. Опсерваторијата за соларна динамика снимила масивна коронална ерупција (во позиција на сказалките на 4 часот на часовникот со цифарника) користејќи различни бранови должини кои ги рефлектираат температурите во слоевите на Сонцевата атмосфера. Температурите во релативно студената хромосфера изнесуваат само 50.000 степени Целзиусови, но брзо се искачуваат на речиси еден милион степени во короната над неа.
Зошто Сончевата атмосферата е потопла кога е подалеку од површината, останува тајна. Температурата на некои делови од короната може да се искачи до 6 милиони степени за време на ерупција (прикажана на оваа слика).
22. септември 2011. година. Пламените јазици од плазмата доволно се широки да опфатат голем број планети, како што е Земјата, снимени се од профилот на периметарот на Сонцето, додека брановитите протуберанци над нив исфрлаат наелектризирани соларни честички во универзумот. Научниците ги ослушнуваат Сончевите звучни бранови во обид да откријат активни региони најмалку неколку дена пред да излезат на површината.
11 ноември 2010. Нашите сателити-близначки STEREO A и B го овозможија првиот, речиси комплетен поглед на Сончевата површина. Празнината е пополнета во јуни 2011. година. Набљудувачите на вселенските временски услови сега можат да го видат развојот на активните региони и од другата страна од Сонцето, што им овозможува попрецизно да го прогнозираат евентуалниот пат на масивните коронални ерупции. Овој подобрен увид може да игра клучна улога во навремено предупредување кога Сонцето следниот пат ќе испрати насилна бура кон Земјата.