Претставниците од хороскопскиот знак Стрелец обожуваат авантури, обожуваат да се фалат и се познати по тоа дека се меѓу најатрактивните луѓе во зодијакот.
Станува збор за родените од 22 ноември до 21 декември. Тие се вистински пожар од емоции, изненадувања и страст. Тие ем се многу љубовни кон партнерот, ем сакаат да ја задржат својата независност и се борат за неа со заби и нокти.
Ако имате врска со човек од овој огнен знак, тогаш треба да ги имате следниве нешта предвид:
Тие се неконзистентни
Стрелците се тешки за декодирање. Тие се премногу неконзистентни и избрзани и понекогаш е тешко да им се следи мислата и да се објасни нивното однесување. Покрај тоа, тие се многолики, слично на Близнаците, поради тоа што се непредвидливи. Овие луѓе не ги сакаат плановите, особено пак долгорочните.
Тие секогаш се шегуваат
Луѓето од овој знак имаат одлично чувство за хумор и понекогаш дури ги заморуваат другите. Покрај тоа, тие се со весела природа и го сакаат ѕвездениот и ноќниот живот и понекогаш е тешко на нивните блиски да го следат нивното зафатен темпо. Со нив сепак никогаш нема да биде досадно.
Тие се непопустливи
Овие луѓе, ако наумиле да веруваат во некаква теза, никој не може да ги обесхрабри.Причината е дека тие се доста независни, тврдоглави, итри и егоцентрични и не сакаат да си ги признаат грешките. Ако тргнат во некоја насока, ништо и никој не може да ги запре.
Тие наликуваат малку на филозофи
Стрелците се потпираат врз своите аспирации во животот. Тие се сеќаваат на своите соништа и не заборават да ги исполнуваат. Покрај тоа, тие се свесни за своите најголеми стравови. Само овие луѓе се исклучително филозофски настроени и често се подложуваат на интроспекција.
Тие се несовесни
Да, овие луѓе можат да бидат и многу неодговорни. Тие имаат тенденција да се впуштаат во авантури кои кријат ризик. Стрелците живеат на принципот дека животот е краток и треба да биде доживеан на максимум, инаку нема смисла да постоиме.
Тие немаат трпение
Стрелците се заљубуваат тешко, но ако засакаат некого, сакаат веднаш врската да стане сериозна. Склони се да склучат неблагоразумен брак.
Тие се правични
Стрелците имаат жестоко чувство за тоа што е правилно, а што – погрешно. Ако не се согласуваат со нешто, тие се подготвени да му се спротивстават.
Тие се одлични оптимисти
Овие слободољубиви луѓе секогаш ги следат срцето и интуиција. Тие умеат да го најдат доброто во сè. Тие очајно сакаат да останат позитивни, иако поради тоа често изгледаат скоро неразумни.