Дали хомосексуалноста е болест?

4449

Вистината е дека Американското друштво на психијатри ја симнало хомосексуалноста од листата на душевни болести, но на тоа ги навеле општествено-политичките причини, а не новите откритија во науката. За да можат да ја симнат хомосексуалноста од листата на душевни заболувања, морале да се донесат и нови критериуми, всушност, дека состојбата која би се сметала за болест мора:

1. Редовно да се предизвикуваат потешкотии, или

2. Да се попречува општествената ефикасност,

а потоа паушално утврдиле дека хомосексуалците имаат стабилен и ефикасен живот и поради тоа не ги исполнуваат критериумите според кои хомосексуалноста би се вброила во душевни болести. Меѓутоа, ваквиот заклучок е научно неодржлив од следните причини:

1. Хомосексуалците во однос на хетеросексуалците страдаат во многу поголем број од психопатолошките нарушувања како што се депресија, несоница, напади на паника, проблеми со меморијата или концентрацијата, суицидни мисли, неврози, психози итн., и пречки во постигнување на социјална ефикасност, што докажуваат бројни студии (1).

2. Ако би ги примениле истите критериуми и на други психички заболувања, тогаш треба да се отстранат и воајеризмот, езибиционизмот, фетишизмот, сексуалниот садизам и мазохизам, педофилијата, некрофилијата и слично (2).

3. Имајќи предвид дека овие критериуми се примениле само за хомосексуалноста, а не за другите психички заболувања, очигледно е дека се работи за социјално-политичка, а не научна одлука.

Д-р Ronald Bayer, е прохомосексуален психијатар, кој во својата книга детално опишува како милитантите хомосексуалци со помош на лобирање, закани и заплашување успеале да ја наметнат политичката одлука на Американското друштво на психијатри да се отстрани хомосексуалноста како душевна болест од Дијагностичкииот и статистичкиот водич за психички болести (3). Д-р Jeffrey Satinover, исто така, сведочи дека инфилтрираните милитантни хомосексуалци дејствувале во рамките на самото Здружение и кои со разни маневри се служеле за постигнување на својата цел (4).

По Американското здружение на психијатри се повела и Светската здравствена организација, која во 1990. година ја отстранила хомосексуалноста од листата на душевни заболувања, а наместо тоа вовела “егодистонична полова ориентација”, од која страдаат оние кои се свесни за својата сексуална ориентација, но сакаат да ја променат. Со други зборови, ако хомосексуалецот не сака да ја промени својата сексуална ориентација, тогаш тој е здрав, а ако сака, тогаш е болен. Значи, дека дискретните хомосексуалци се болни, милитантните се здрави. Ако би ја промениле таа логика и на другите психички заболувања, тогаш болни би биле само оние кои се свесни за својата болест. Така, на пример, лицето кое страда од шизофренија се сметало за сосема здраво, ако верува дека неговата состојба е нормална. Секако, ваквите тези немаат ништо заедничко со науката. Во строго здравствена смисла, таквото лице би имало потешки здравствени проблеми од лице кое смета дека ѝ му е потребно лекување. Аналогно на тоа можеме да кажеме дека здравствената состојба на милитантите хомосексуалци е потешка, токму поради тоа што не се ни свесни за својата болест, додека здравствената состојба на дискретните хомосексуалци е полесна, бидејќи таа во практика се лекува.

Продолжува на страна 3