Спас за ублажување на изгореници од сонце

1830

На многумина им се случило барем еднаш да се заборават на сонце и да добија изгореници.

Секому може да му се случи вакво нешто, но последиците се обично болни. Ако ви се случи да изгорите потои рецепт кој може да ги ублажи болките и да ја разлади кожата.

Потребно

  • Една шолја млеко,
  • коцки мраз,
  • чиста памучна крпа и
  • сад.

Подготовка

Во садот ставете го млекото и ледот, па натопете ја крпата во смесата, исцедете и нанесете на зафатените места.

Ставајте облог додека не почуствувате олеснивање, а потоа намачкајте ја кожата со лосион или хидратантно млеко.

И не заборавајте, ако имате посериозни изгореници, да побарате лекарска помош.