За 10 минути направете го ова вкусно и исклучително едноставно јадење што можете дури и да го чувате во замрзнувач.
„Лажното пире“ не се прави од компири или моркови, туку од карфиол и сирење.
Ви го откриваме рецептот за ова задоволство! Основните состојки се карфиол и сирење, и не двоумете се да направите повеќе бидејќи може да се замрзне.
Состојки
- ½ карфиол
- 1 лажица путер или крем сирење
- Сол свежо мелен бибер
- Оревче по желба
Подготовка
Сварете го карфиолот за да може добро да се изгмечи со вилушка. Ставете го во сад и измешајте го со путерот или крем сирењето, солта, биберот и оревчето.



















