Откриено е зошто луѓето имаат 5 прста на рацете

1289

Одлучувачка била улогата на активноста на специфични гени.

Канадски биолози од Монтреалскиот универзитет и од Институтот за клинички истражувања изведоа заклучок зошто човекот има пет прсти. Се покажало дека развојот на екстремитетите се определува од специфичното распоредување на клетките со активните гени hoxa11 во организмот на ембрионот.

Заклучоците научниците го претставија во списанието Nature (“Нејчр”).

Истражувачите се убедени дека екстремитетите на ‘рбетните животни, како и на човекот, потекнуваат од рибните перки.

Во август 2016 година истражувачи под водство на Нил Шубин од Универзитетот во Чикаго покажаа дека за формирањето на перките и прстите одговорат исти гени – hoxa11 и hoxa13. Останува сепак нејасно како се формирала дланката на човекот, бидејќи водните жители пред појавата на човекот имале екстремитети, чиј главни коски го натфрлувале бројот пет.

Научниците изнесоа дека активноста на гените hoxa11 и hoxa13 се разликува кај екстремитетите на рибите и на копнените ‘рбетници. При првите тие функционираат во клетките, формирајќи преклопувања една со друга во областите. Кај човекот сепак овие гени работат во одделни делови од зачетоците на екстремитетите. Истражувачите успеаја да ја репродуцираат во пупка на глувци активноста на hoxa11, карактеристична за рибите. Како резултат на тоа кај животните еволуирале до 7 прста на еден екстремитет.

Генетичарите открија исто секвенционирање на ДНК, која одговора за транзиција меѓу различните типови активност на гените. Ова им овозможува да се претпостави дека промената на бројот на прстите станала не од формирањето на нови гени, туку од промените во функционирањето на постоечките.