Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска во последното трето коло на турнирот во Данска кој се игра во рамки на Европската сребрена лига го совлада Кипар со 3:1 (25:22, 25:18, 18:25, 25:22).
Одбојкарите ја потврдија фаворитската улога против Кипар и со три победи на турнирот во Шлагелсе, а вкупно пет во шест натпревари, го освоија првото место во својата група.
Селекторот Матијашевиќ одлучи да не ризикува и го остави Милев на клупата, и во првиот сет одлулувачка беше подобрата игра во финишот за 25.22.. Во вториот уште еднаш до израз дојде квалитетот на македонските одбојкари кои славеа со 25:18. Во третиот сет дојде до опуштање на избраниците на Матијашевиќ и тоа го искористи противникот за да го освои сетот со идентични 18:25. Во четвртиот сет повторно на рутина, Македонија ја заврши работата со 25:22.
Капитенот Никола Ѓорѓиев со 26 поени беше наш лидер на теренот, Љафтов заврши со 11, а двоцифрен беше и Маџунков со 10.
Наредниот викенд во салата „Парк“ во Струмица ќе се одигра завршниот турнир во Европската сребрена лига, а Македонија во полуфиналето ја очекува дуел со Хрватска, додека во второто полуфинале ќе играат Унгарија – Данска.



















