Депресија?! Еве како да ја надминете

1628

Тим австралиски стручњаци тврдат дека откриле ефикасен начин за надминување депресија.

Во студијата објавена во “Американ џурнал оф сајкајатри”, а којашто траела 11 години, учествувале над 22.000 здрави Норвежани. На почетокот и на крајот од експериментот одговарале на прашања во врска со нивната психичка состојба и физичките активности.

На почетокот, 12% од испитаниците одговориле дека не практикуваат никакви вежби, додека пак, одговорите на останатите учесници варираат – од “вежбам до 30 минута неделно” до “вежбам повеќе од четири часа неделно”.

Наредните години, 7% од луѓето покажале симптоми на депресија, а кај 9% се појавила анксиозност.

Резултатите велат дека луѓето кои рекле дека не вежбаат, имаат 44% повеќе шанси да паднат во депресија, во споредба со оние коишто вежбаат час или два неделно. Кај испитаниците кои вежбаат подолго од два часа неделно, не е пронајдено никакво дополнително позитивно дејство на физичките активности на психичката состојба.

Иако не е пронајдена никаква директна врска помеѓу тренинзите и депресијата, научници строго препорачуваат умерена физичка активноста оти тоа контролира и други потенцијални фактори за појава и развој на психичка растроеност, како што се староста, полот, пушењето, конзумирањето на алкохолот и телесната маса.

Вежбањето не мора да биде интензивно, ниту пак долготрајно. Еден час неделно е сосем доволно, нагласуваат стручњаците.