Најголемите лаги за маснотиите кои го нарушуваат здравјето на луѓето во светот

664

Секојдневно сме изложени на разни совети од нутриционистите и други експерти кои се обидуваат да не изведат на вистинскиот пат кога е во прашање здравјето кое обезбедува со правилна прехрана.

Но, во тоа море од совети понекогаш тешко можеме да се снајдеме, бидејќи често доаѓа истовремено да се негираат, или ако ништо друго прво да се зборува едно, а потоа целосно спротивносто. Од таа причина екипата од порталот Authoritis Nutrition се одлучи на едно место да ги собере најголемите лаги кои ни се сервирани кога се работи за маснотиите кои ги внесуваме во организмот.

Прехрана сиромашна со масти и богата со јаглехидрати е најдобра прехрана

Уште во 60-тите и 70-тите години во САД водечки научници тврделе дека заситените масти се најголем причинител за болести на срцето, затоа што го зголемуваат нивото на лошиот холестерол во крвта. Пресвртница била диета со низок внес на масти која во 1977 година се препорачувала на сите Американци, а вистината била дека тогаш за тоа не е спроведено ниту едно посериозно истражување.

Authoritis Nutrition тврди дека токму во тој период во Америка почнала епидемија на дебелеење, а потоа следела епидемија на дијабетис. Причина било што луѓето престанале да јадат месо, путер, јајца и почнале да конзумираат храна богата со шеќер.

А во изминатата деценија вршени се многу истражувања за ваквиот начин на прехрана. И иако некои нутриционисти се уште ја препорачуваат, истражувањата покажале дека не постои доказ дека прехрана со низок удел на масти долгорочно помага за слабеење, ниту пак ја намалува опасноста од разни хронични болести. Некои истражувања дури покажале дека може да се поттикне нивно повторување.

Храна богата со холестерол е лоша за вас

Нутриционистите до сега имале големи успеси во демонизирање на здравата храна. А еден од најлошите примери за тоа се јајцата, кои се меѓу најздравите намирници на планетата (доволно е само да се размисли за тоа дека нутриентите во едно јајце се доволни од една оплодена клетка да се развие пиле). Но наспроти тоа, се тврдело дека поради високото ниво на холестерол може да предизвика болести на срцето. Додека правата вистина е дека истражувањата покажале дека холестеролот во исхраната не го зголемува нивото на лошиот холестерол во крвта.

Значи, не само што не се штетни, јајцата се преполни со витамини, минерали и нутриенти важни за нашиот мозок и очи, и тоа најмногу во жолчката, белката е само протеин.

Преработените масла од семки и растителните масла се здрави

Од некоја причина почнало да се верува дека овие масла се подобри за нашето здравје од опасните заситени масти, а вистината е дека тие се полни со Омега 6 масни киселини, кои можат да поттикнат воспалителни процеси во телото. И иако се смета дека ја намалуваат опасноста од болести на срцето, повеќе истражувања покажале дека всушност ја зголемуваат. Ова е еден од примерите како слепото верување на нутриционистичките мудрости може прерано да ве однесе во гроб, пишува Authoritis Nutrition .

Заситените масти го зголемуваат лошиот холестерол и предизвикуваат болести на срцето

Како што наведовме, ова нема врска со вистината. Истражувања кои ја изнедрија оваа теза се преполни со маани, но некако успеале да станат општо прифатени. А најлошо е што здравствените организации во светот допрва треба да го променат својот став за оваа тема и да признаат дека грешеле. Изминатите неколку години спроведени се неколку истражувања на оваа тема. Во едно од нив се проучувале податоци од дури 21 претходно истражување. Резултатите покажале дека не постои доказ дека заситените масти го зголемуваат ризикот од болести на срцето.

Јадење маснотии ве прави дебели и прехрана со висок удел на масти е опасна

Маста се таложи под кожата, а ја има повеќе ако ја јадеме повеќе? Не е толку едноставно, тври Authoritis Nutrition . И иако мастите имаат повеќе калории од протеините и јаглехидратите, храна што содржи многу масти најчесто многу заситува и тешко можеме да се прејадеме од неа. Дури, истражувањата покажале дека со диети со висок внес на маснотии, а ниско ниво на јаглехидрати, се губат повеќе килограми од тие со низок внес на маснотии. Освен тоа, тие се поволни за нашиот организам: ги намалуваат триглицеридите, крвниот притисок и го држат под контрола нивото на инсулинот.

Заситените масти и транс мастите се слични

Транс мастите се незаситени масти кои се хемиски модифицирани, за да можат производите во кои се наоѓаат да имаат подолг рок на траење. Процесот во кој настануваат прилично е одвратен и вклучува висок притисок, топлина, водород и метални катализатори. Сепак, некои организации почнаа да ги збунуваат луѓето, ставајќи ги заедно со заситените масти под името лоши маснотии. Како што е наведено, за заситенита масти никогаш не се докажало дека се лоши масти, додека транс мастите се отровни, го намалуваат производството на инсулин, предизвикуваат воспаленија и го зголемуваат ризикот од сериозни болести.

Лајт производите се здрава опција

Производители на разни видови на храна морале да ги намалат маснотиите, а со тоа храната го изгубила вкусот. И тука настанува проблемот: диеталните варијанти на производи се преполни со разни нездрави додатоци: од шеќери до разни адитиви кои никој не треба да ги внесува во својот организам.