Ново експериментално лекување против Алцхајмеровата болеста

1092

Ново експериментално лекување против Алцхајмеровата болест се покажало успешно и без несакани ефекти, објавија научници од САД.

Истражувањето објавено во списанието “Наука”, врз основа на примерок од 32 лица кои довеле до 2 големи клинички испитувања, а кои се испитува врз 3.000 субјека.

Лекувањето користи соединение наречено “верубецестат”, создадено од американска фармацевтска фирма. Таа има за цел да го намали нивото на протеинот наречен бета амилоид и на тој начин да го блокира ензимот ВАСЕ1, информира “Франс прес”.

Кај луѓето со Алцхајмерова болест, овие протеини формираат плочи кои го оштетуваат мозокот и влијаат врз когнитивните способности на човекот и особено неговата меморија.

Затоа фармацевтските лаборатории се обидуваат да развијат соединенија кои ќе го запрат формирањето на слични плочи или да гиуништат веќе настанатите. А, ензимот игра клучна улога во производството на протеини.

Досега производите развиени за неутрализирање на ензимот BACE1 имале силно токсични несакани ефекти, како што се оштетување на црниот дроб или дополнителна невродегенерација. Кај “верубецестатът” сличен негативен ефект не бил забележан, тврди шефот на истражувачката лабораторија “Мерек” во Њу Џерси д-р. Метју Кенеди.

Заедно со својот тим тој утврдил дека една или две дози од соединението се доволни да се намали нивото на протеин, без тоа да нанесе здравствена штети. Колку ефикасно е лекувањето ќе биде јасно до јули 2017 година.

Ако резултатите се доволно добри, за две до три години, светот најверојатно ќе има лек за една од најпознатите предавнички и распространети болести кај возрасните луѓе во светот. Според Светската здравствена организација во моментов речиси 36 милиони луѓе на светски план страдаат од деменција, како и повеќето од нив се со Алцхајмерова болест.

Се очекува нивниот број да се зголеми двојно до 2050 година и да достигне 115,4 милиони.