Дали знаете за синдромот на варена жаба?

148

Ако фрлите жаба во топла вода, таа рефлексно би искокнала поради чувството на топлина или опасност, а кога ќе ја ставите во ладна вода и постепено ќе ја греете, жабата мирно ќе чека да ја сварите.

Овој природен феномен не е единствен само за светот на жабите. И во нашите човечки односи често ја забележуваме технологијата на „варена жаба“.

Овој термин вообичаено се користи како метафора кога сакаме да покажеме како функционираат одредени општествени механизми, па преку неговата повеќеслојна содржина, ваквата форма на споредба е поразбирлива и поприфатлива за да го разбереме значењето отколку да анализираме обемни научни хипотези.

Но, да се вратиме на варењето на жабата…

Значи, ако фрлите жаба во тенџере со врела вода, таа ќе искочи поради чувството на топлина и опасност.

Меѓутоа, ако фрлите жаба во тенџере со ладна вода, таа неизмерно ќе ужива. Кога ќе го ставите тенџерето на тивок оган, жабата нема да скокне, бидејќи не забележала дека водата се загрева, односно не може да ги открие промените до моментот кога ќе биде доцна за неа, бидејќи претходно ја употребила сета своја сила за да се прилагоди.

Се чини дека нашата способност да толерираме оди по долг пат, а нашата сила и надеж полека изгоруваат на патот. Предолго толерираме штетни ситуации, само затоа што премолчено ја следиме наредбата „ако нема друго решение, мора да го избереш помалото зло!“

Што всушност се случува кога ќе ставите жаба во сад со ладна вода и полека ќе ја загревате водата?

Како што се зголемува температурата на водата, жабата ја прилагодува температурата на телото. Кога водата ќе достигне точка на вриење, жабата повеќе не може да се прилагоди. Во тој момент, жабата одлучува да скокне надвор, но не може бидејќи ја искористила сета своја сила за прилагодување на температурата на телото. Многу брзо жабата умира.

Што ја убило жабата?

Топлата вода? Вистината е дека жабата била убиена поради неможноста да одлучи кога да скокне надвор.

Вистина е дека сите треба да се приспособиме на луѓето и ситуациите, но мора да бидеме сигурни кога да се приспособиме и кога да престанеме да се прилагодуваме и да продолжиме понатаму, кога да се соочиме со ситуацијата и да преземеме соодветни мерки.

Ако им дозволиме на другите луѓе да не искористуваат физички, психолошки, емоционално, финансиски, духовно или ментално, тие ќе продолжат да го прават тоа.

Ајде да одлучиме кога треба да излеземе.

Најдобар начин да се справите со овој факт е да го препознаете. Не земајте здраво за готово кога ќе ви кажат дека нешто е нормално, но знаете дека не е. Ако се чувствувате лошо во иста ситуација долго време, нешто не е во ред.

Излезете пред да се „сварите“.

Не се работи за бегање од ситуацијата, туку за соочување со ситуацијата и изнаоѓање можни решенија.

Запомнете добро, човек кој предолго толерира зло нема да има доволно сила да се обиде да ја промени ситуацијата, бидејќи веќе ја потрошил својата сила приспособувајќи се на неповолна и штетна ситуација.

Скокнете додека сеуште имате сила!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.