Исповед од детскиот пекол | Постојано ме силуваа, а некои и убиваа!

1759

Тепање, кршење на рацете и нозете од постарите штитенци, додека чуварите само ја вртеле главата на другата страна …

Во времето на престојот во домовите за напуштени деца и воспитно-поправните домови безброј пати сум размислувал за самоубиство поради тоа што често ми се чинеше дека животот нема смисла – раскажува Марио К. (34), поранешен штитеник во домот за незгрижени деца

Марио К. (34), професионален возач на камион од Загреб, оженет, татко на две деца, кој поголемиот дел од својот живот го поминал како штитеник на домови за напуштени деца и во воспитно-поправните установи за малолетници, одлучил токму пред божиќните празници да ја сподели својата болна животна приказна која досега ја криел и од своето семејство и длабоко ја потиснувал во себе.

Потресен од вести дека и денес во домовите за рехабилитација се живее како во најопасните затвори за закоравени криминалци, помислил дека мора да проговори за ужасната реалност на тие деца, напуштени од родителите и од општеството – за силувањата, тепањето, грабежите, дрогата и заташкување на убиствата.

– Неодамна се сретнав со 17-годишник чија биографија ме разувери дека сегашната ситуација во детските домови е подобра од кога бев штитеник. Дознав дека, за жал, ништо не е променето од психичкото и физичкото до сексуалното насилство, дрога и оружје, како составен дел од животот во домот. Во медиумите, очигледно, успеваат да ја прикажат само украсената фасада. Во првиот момент бев скептичен кон непознатиот млад човек, но кога тргнал да ги спомнува познатите имиња на омразените негуватели, старателите и наставниците, сфатив дека бил во иста позиција како и јас пред 25 години – ја почнува својата приказна на Марио К. за Jutarnji.hr.

– За среќа од сето тоа излегов посилен, бидејќи и јас бев сексуално малтретиран, тепан и навредуван, што во меѓувреме сум го потиснал. Ова момче е целосно уништено, а до полнолетство сѐ уште мора да преживее во внатрешноста на домските ѕидови, па ми се довери дека купува време со тоа што ќе исценира неред, да речеме, ќе испокрши прозорци, по што автоматски повикуваат брза помош и ќе го одвезат во психијатриска болница во Јанкомир. Како и јас, едвај чека да остане сам, дури и на ветрот, без ништо и никого, туку да започне нов живот, ослободен од присилни кражби, питачење и сите грди домски навики. Првото нешто што си го ветив по напуштањето на домот беше дека нема тоа да го правам, а најголемиот сон беше за мене да имам свое семејство, да најдам жена, да се смирам и да живеам нормален живот – продолжува Марио К.

Продолжува на страна 2