– Таму имаше сѐ и сѐшто, од продажба на дрога и оружје до претепување и проституција. Кога ќе дојдеш во ситуација да дојдеш во дом како осумгодишник, ти си најмалиот, најмладиот, најслабиот во опкружувањето на двојно постари кои се, сепак, исто така, уште деца, но изопачени. Оние кои, како мене, како по правило, потоа бидат затворени во КПД Туропоље или на Црес, од кој, како што се зборувало, “не може да се избега” освен на другиот свет. Свесен сум дека ова се сериозни обвинувања, но стојам зад нив. Единствениот дом кој ми остана во повеќе или помалку добри спомени е Луг во Самобор. И таму имаше психички и физички малтретирања, но многу поблаги, а при тоа можевме да излеземе во градот поради тоа што е, сепак, само од воспитно – образовен тип – вели тој.
– Тоа е единствен дом од кои не сум се обидел да побегнам. Најголемиот дел од мојот живот го поминав меѓу четири ѕида, во борбата за опстанок. Кога неодамна во семјеството бабите-хранителки ме прашале зошто никогаш тоа не сум им го кажал одговорив дека не сум, бидејќи знаев дека: тие би го алармирале Центарот за социјална работа, институцијата каде што сум, би ги опоменале оние кои ме малтретираа, а јас би починал во текот на ноќта. Умирав од страв при помислата на некој да му се доверам. На сопругата во овие 12 години од брак ѝ раскажував само ретко добри анегдоти од домовите. Сè лошо што се случило дури сега дознала, но и мене целата приказна целосно ми се одмота пред само неколку дена во Јанкомир. Сите забележаа дека се поместував во столчето, и ми се тресат колената, бидејќи повторно сето тоа сум го преживувал, а зборовите сами течеа од мене – раскажува Марио.
– Тепање, кршење на рацете и на нозете од постарите штитеници, додека чуварите само ја вртеа главата на другата страна … Во текот на престојот по домовите за напуштени деца и воспитно-поправните домови безброј пати сум размислувал за самоубиство, поради тоа што често се чинеше дека животот нема смисла. Имаше и случаи на децата од поправните установи да излезат во сандак, а се објавува дека “исчезнале” или “избегале”. Меѓу нас останатите се знаеше дека се мртви. Некои подлегнаа на притисоците и извршиле самоубиство, обично по сексуална злоупотреба. Намерно би се предозирале со дрога или би земале преголемо количество на алкохол – некој литар коњак или некоја друга јачина веќе е доволна за дете да почине од труење со алкохол. При ликвидации, поголемите момчиња или “постарите малолетници”, како што се нарекуваат, биле во договор со чуварите – додава Марио.
– Исто така, преку чуварите во домот пристигнуваа дрога и оружје, а препродавачите беа помалите деца од десетина години. Би ви дале неколку пакетчиња, би те испратиле на пат и не би смеел да се вратиш додека не продадеш сè, така барем беше во мојот случај. Тие не сакаа да се изложуваат на апсење, бидејќи тогаш полицијата би ги притиснала да ги поткажат своите добавувачи. А ние малите деца, имавме страв, па молчевме, а и не знавме Бог знае што. Бев фатен неколку пати во разнесување, но никогаш не ги открив “колегите”. Кога завршив средно училиште, станав полнолетен и излегов на слобода. Се сретнав со некои момци од домовите кои тоа што нам ни го правеа, сега им го прават на другите деца. По домовите не може да се научи ништо добро, а деликвент создава нови деликвенти заклучив на групната терапија во Јанкомир – вели Марио.
(Jutarnji.hr)


















