Американската федерална програма Ocean Exploration во рамките на Националната администрација за океани и атмосфера (NOAA) објави дека на дното на Тихиот океан во близина на брегот на Гватемала е откриена огромна подводна планина висока 1600 метри, што значи дека е двојно повисока од највисоката зграда во светот, Burj Khalifa во Дубаи (ОАЕ).
Масивниот објект со површина од 14 km² е откриен на длабочина од 2400 m за време на јулската експедиција на Schmidt Ocean Institute (SOI).
За истражување на океаните, тие го користеа истражувачкиот брод Falkor, опремен со ехозвучник со повеќе зраци за мапирање на морското дно.
Жешки точки на биолошката разновидност
Хидрографот на SOI, Tomer Ketter, потврди дека оваа морска планина не е во базата на податоци за длабоките океани.
Откритието, 84 наутички милји надвор од ексклузивната економска зона на Гватемала, покажува колку сè уште не сме откриле за мосрското дно.
Се проценува дека во светот има повеќе од 100.000 подводни планини повисоки од 1000 m, а помалку од 1% од нив се истражени.
Покрај тоа што се геолошки фасцинантни, морските планини се и жаришта на биолошка разновидност. Коралите, сунѓерите и другите морски безрбетници создаваат уникатни екосистеми на овие места.
Иако радарските височини (алиметри), еден вид на геодетски сателити, ги детектираат повеќето подводни планини, овој новооткриен врв не е забележан на мапите, што укажува на недоволна картографија на морското дно.
Бидејќи морското дно е сè уште слабо мапирано, експертите ја нагласуваат важноста од понатамошни истражувања.



















