ВЕЛИГДЕНСКИ СИМБОЛИ | Најголемо велигденско јајце

627
Најголемото украсено велигденско јајце, изградено од Freeport во Alcochete, Португалија, било долго 14,79 м и дијаметар 8,40 м.

Симболи на Велигден

Причината поради која ги боиме јајцата за Велигден е што тие го симболизираат повторното раѓање. Затоа и англискиот назив Easter потекнува од името на англосаксонската божица Easter, чиј симбол се јајцата и зајчињата.

Велигденски деликатеси

Секоја година за време на Велигден се јадат околу 90 милиони чоколадни зајчиња и 90,4 милиони чоколадни јајца.

Фестивал на фрлање јајца

Во Средниот век во црквите по велигденската миса се одржувал фестивал во фрлање јајца. Свештеникот би земал едно тврдо варено јајце и би му го фрлил на некое од децата во групата, кое потоа му го фрлало на друго дете и се така во круг, а победник бил оној во чии раце би останало јајцето кога сказалките ќе созначат 12 часот.

Француски омлет

Велигденскиот омлет е многу важен составен дел од велигденскиот појадок за Французите. Во Хаукс во Франција на секој велигденски понеделник граѓаните носат со себе јајца на главниот плоштад каде што во огромна тава се подготвува ова вкусно јадење направено од околу 12.000 јајца.

Продолжува на страна 2