Исповед од детскиот пекол | Постојано ме силуваа, а некои и убиваа!

2007

– Неподвижен го однесоа до болницата од каде што слушнав дека бил донесен во кома. Полицијата ми рече дека ќе се јават за еден месец (во моментот сѐ уште се работеше за потешка повреда), по што јавниот обвинител, вообичаено во такви ситуации, ќе постави обвинение. Тие направија записник и ме прашаа дали сум конзумирал алкохол, на што им одговорив дека воопшто не пијам. Сепак, на алкотестот кој покажа нула промили на алкохол не ми веруваа дека е така, па ме испратија на вадење крв. Мирно се согласив, иако ме повреди што се однесуваа кон мене како кон криминалец: сто пати сум прашал како е човекот, но никој не ми даде одговор. Само ми преостана да ангажирам адвокат и да чекам. На разговорот во психијатриската болница во Јанкомир ми предложија хоспитализација, бидејќи имав кошмари, бев нервозен деноноќно, со епизоди на несоница, нетолерантен кон семејството … – продолжува тој.

– Во таквата состојба се согласив, само до одреден степен да го симнам оптеретувањето. Јас се вклучив во дневната програма. Околу мене беа пациенти од различни профили, кои дојдоа заради кражба, оружан грабеж, и сл., а сите се таму доброволно. Тешко се отворам, па прво ги слушав другите и се опуштив тогаш кога сфатив дека сите зборуваат за најдлабоките тајни од дното на душата. Така дури вториот ден раскажав зошто сум дојден, прво во врска со сообраќајната несреќа, а моите подалечни сеќавања ги предизвика случајно девојката која беше жртва на вооружен грабеж. Таа изрази надеж дека нејзиниот малолетен арамија ќе се поправи во КПД Туропоље, на што се замрзнав и додадов: Јас ќе ви кажам она што никогаш не сум му го кажал на некој: јас бев таму три години и знам дека оттаму само исклучително ретки заминуваат и растат во нормални личности. Единствените вештини кои таму може да се научат е како успешно да се украде или убие човек, најлошото од најлошото. Сето она што го нарекуваат рехабилитација се лажни реклами за јавноста – вели Марио.

Во КПД Туропоље завршил од домот за напуштени деца, бидејќи, признава, крадеше, на што, вели тој, беше принуден во бората за опстанок.

Продолжува на страна 4