Дали престанавме да бидеме луѓе | Момо Капор

143

Било кој социјален статус да имате.

Секој од нас може да помогне нечиј живот да стане барем малку поубав. Ако текстот во тоа успее, тогаш ја исполнил својата цел. Го пренесуваме без измени.

“Гледам, од контејнерот излегува девојка со темна кожа и долга кадрава коса. Таа личи на ангелот на Ботичели. Се крева од ѓубрето како мала Венера од школка и матна морска пена која ја повратил градот.

Девојката ѝ вели на мајка си: “Нема …”

Дали има пократок и позастрашувачки збор од тоа вечното “нема”? Тој збор трае премногу долго.

Мајката вели: “Погледни уште малку …”, и детето повторно го снема во ѓубрето.

Стојам запрепастен од глетката. Еден мој пријател, и самиот сиромашен, никогаш не ги фрла остатоците од лебот во ѓубре. Тој ги става во најлонска кеса покрај контејнерот. Лебот мистериозно исчезнува, штом ќе влезе во куќата. Гладот има четири очи.

Гладни со векови, купуваме повеќе леб отколку што нѝ треба. А потоа го фрламе. Лебот во ѓубрето не е добра глетка. Тоа претскажува зло. И злото доаѓа.

Нашите стари нѐ учеле да го подигнеме парчето леб, кој паднал на земјата, да дувнеме во него, да го бакнеме и да се прекрстиме. Еднаш ја видов принцезата Елисавета како крева парче леб кое ѝ паднало, како го бакнува и се крсти. Добар, заборавен обичај, полн со почит кон лебот. Заборавен, како и стариот збор – задолжница (фондација).

Старите белградски трговци, прогласени по војната за капиталисти, оставиле зад себе задолжница. Денес постојат многу побогати од нив, но повторно, никој ништо не остава. Се стиснале и молчат.

Нашите, кој успеале во белиот свет: нафтени магнати, банкари, индустријалци … никој да му подари на градот чесма, јавен објект, скулптура, стипендија, топол оброк за сиромашните … На кого сето тоа ќе му го остават? На своите деца? Но, ние знаеме: секогаш постои една генерација која стекнува, и онаа другата, која растура. Никој ништо нема да земе на оној свет, кога еднаш ќе замине.

Загубени се сите вери, освен религијата на стекнување.

И без оглед на тоа дали ограбувале, експлоатирале, цицијашеле, старите трговци, тогашни контроверзни бизнисмени, сепак сето тоа го оставале, некако да ја искупат грешната душа. Што ние да оставиме? Кои се нашите задолжница? Можеби треба да почнеме со нешто мало, речиси незначително? Светот не се подобрува со големи гестови, туку со малите нешта. Тоа значи, дека за почеток, треба да се остави стариот леб во пластична кеса покрај контејнерот? Две свенати виршли, до половина испиен јогурт? Износени чевли? Какво време, такви задолжница! Можат многу добро да соберат во пластична кеса.

Ја оставам веднаш до контејнерот и се вртам по неколку чекори. Ја нема! Таа наша мала донација, некогаш се нарекувала севап.

Што е севап? Тоа е кога ќе направиш добро дело, а остануваш непознат. Една благодарност би ја хранела твојата суета. Старите господа, во превртените громби-палта, ги обиколуваат пазарите и ги собираат листовите на зелката, некои оттркалан компир, заборавени моркови, два листа на зелена салата … Превртуваат по контејнерите за ѓубре и земаат оттаму весници и недопушени цигари. Нив ги викаат – ѓубреселектори!

Конечно, се сетив на една прекрасна мисла која сакаше да ја повторува мојот покоен пријател, Хиландарецот отец Митрофан: “Наше е само она што им го подаруваме на другите”.

А од ѓубрето повторно излегува девојчето со темна кожа и блескави очи и ѝ вели на мајка си: “Нема!”, И покрај тоа, убава и насмеана, излегува како заштитен знак за надежта. Во тој момент, на некој кој знае зошто, му застанува залакот во грлото.”

(Momo Kapor, etrafika.net)