ОРЕВ | Здравствени придобивки на оревите

6774

Оревот е неверојатен извор на вредни хранливи состојки. Содржи антиоксиданси, квалитетни масни киселини, железо, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, манган, селен, витамини Б, Е и К.

Само 30 грама ореви на ден значително да го подобри вашето здравје.

Го чува здравјето на срцето

Редовното консумирање на ореви значително го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Оревите содржат големи количини на алфа- линоленска киселина. Таа е вид на омега-3 масни киселини, кои се среќаваат само во растенијата и играат важна улога во одржувањето на здравјето на срцето.

Алфа – линоленската киселина штити од воспаление и стврднување на крвните садови, го намалува ризикот од срцев удар и го нормализира крвниот притисок.

Важна е за когнитивните способности и нормален развој на организмот.

Според студијата објавена во весникот American Journal of Clinical Nutrition јадењето ореви го намалува ЛДЛ холестеролот и го зголемува нивото на добриот холестерол.

Спречува рак на дојка и на простата

Оревот содржи големи количини антиоксиданси и анти-воспалителни супстанции, па затоа не е чудно што има значителен ефект во спречувањето на ракот.

Истражувањето спроведено на Marshall University School of Medicine во Западна Вирџинија потврдува дека фитостероли и антиоксиданси во оревите можат да спречат рак на дојка.

Оревите, исто така, влијаат на рак на простата, потврдуваат новите студии.

Продолжува на страна 2