Ја храни кожата
Ореовото масло ја штити кожата и ѝ го враќа младешкиот изглед. Се користи во многу производи за нега на кожата и како масло за масажа.
Витаминот Е пронајден во оревите е, исто така, многу добар за кожата.
Го намалува воспалението
Омега- 3 масните киселини во оревите имаат анти-воспалително дејство, со што се намалува ризикот од кардиоваскуларната болест, срцев удар, мозочен удар, хипертензија, рак на дебелото црево, простатата и дојката.
25 грама на ова овошје ќе ве снабдува со 90% од дневната доза на високо-квалитетни масни киселини.
Купување, чување и примена на оревите
Ако си купувате исчистен орев (без лушпа), обрнете внимание на бојата и мирисот.
Оревот има голем процент на масни супстанции кои брзо засилуваат. Ако почувствувате чуден мирис, не го купувајте.
Ако купувате спакувано јадро на оревите, внимавајте на рокот на траењето и земјата на потекло. Јадрото на оревите не треба да биде многупати скршено, туку треба да биде во форма на половина и четвртина.
Оревите чувајте ги на ладно и суво место. Ако не планирате да ги потрошите во брзо време, ставете ги во фрижидер или замрзнувач.
Оревите можете да ги консумирате самостојно, да ги додадете во оброците од овошје или зеленчук, преливите, сосовите, сладоледот, колачите.
Сепак, најмногу хранливи состојки ќе добиете од неварени ореви, кои пред тоа сте ги потопувале во ладна вода.


















