ОРЕВ | Здравствени придобивки на оревите

6775

Штити од дијабетес

Мононезаситените и полинезаситените масти пронајдени во оревите помагаат во одржувањето нормално ниво на инсулин во крвта.

Истражувањето спроведено на Харвардската Школа за јавно здравство откриле дека жените кои консумирале 30 грама ореви пет пати неделно имале 30% помал ризик од развој на дијабетес тип 2.

Богат извор на антиоксиданси

Во оревите има голем број на фитокомпоненти, како што се елагинска киселина, мелатонин, витамин Е, полифеноли и каротеноиди – сите овие супстанции служат како антиоксиданси.

Овие соединенија можат да му помогнат на вашето тело во борба против стареењето, ракот, невролошките болести и воспаленија.

Ја подобрува работата на мозокот

Големи количини на омега-3 масните киселини во оревите го прават одлична храна за мозокот.

Речиси две третини од Американците имаат дефицит на омега-3 масни киселини.

Недостаток од него може негативно да влијае на правилното функционирање на мозокот.

Една студија на Универзитетот Пурдју покажа дека децата со недоволно внесување на омега -3 масни киселини имаат тешкотии во учењето и однесувањето.

Го ублажува стресот

Оревот е богат извор на омега-3 масни киселини.

Познато е дека омега-3 помага во намалување на симптомите на депресија, хиперактивност и Алцхајмерова болест.

Ореовот и неговото масло придонесуваат за намалување на нивото на стрес и го намалува високиот крвен притисок предизвикан од стрес – објави во списанието Journal of the American College of Nutrition.

Помага со несоницата

Дали имате проблеми со несоница? Избегнувајте земање апчиња за спиење, бидејќи многу од нив имаат несакани ефекти.

Наместо тоа, изедете пет ореви по вечерата, бидејќи тие овозможуваат мирен сон.

Продолжува на страна 3