Лудаци, убијци, легенди, десет неверојатни вистинити приказни кои се премногу добри да ги пропуштите

678

2015 година беше одлична година за документарците, но и за некои одлични документирани мини-серии кои кренаа голема медиумска прашина. 

И оваа година почна одлично за документарната мини-серија „Making a Murderer‟ за која овие денови во САД многу се пишува, а неверојатната животна приказна на Стивен Ејвери се гледа во еден здив.

Иако не добиваат голем медиумски простор како што е тоа случај со филмовите или играните серии, документарците од година во година стануваат се подобри, а ТВ куќите се повеќе подготвени да застанат зад одредени проекти, посебно ако се работи за вистинити злосторства кои очигледно се голем хит.

Избравме десет одлични филмови и серии кои никако не смеете да ги пропуштите, а се работи за проекти кои кај нас не добија доволно медиумски простор. Токму затоа на листата не се најде одличниот филм „Amy‟ за кој многу се пишуваше и дефинитивно треба да го гледате, но се одлучивме да дадеме прилика на некои помалку познати наслови.
Некои можеби сте ги гледале, но ниту еден не треба да пропуштите.

  1. Меру

„Овие луѓе не се нормални‟. Тоа е мислата која ќе ви поминува низ глава кога ќе се опуштите во филмот во кој играат тројца планинари, пријатели и апсолутни лудаци кои се обидуваат да го освојат „неосвоивиот‟ Meru, еден од најтешките врвови на светот.

Како и да е, Џими Шин и Елизабет Чаи Васерлоу го освоија Sundance, а Шин со Конрад Анкер и Ренан Озтурк и еден од тројцата алпинисти кои учествуваат во овој луд потфат.

  1. Listen To Me Marlon

Интересот за биографските документарци најчесто зависи од лицето со кое режисерите се занимаваат, но Британецот Стивен Рејли по сараевската андерграунд сцена, боксер од Оксфорд и играч на крикет, се дофати до условно кажано „обична‟ тема и 10 години по неговата смрт, сними биографија на холивудската легенда Марлон Брандо.

А Брандо се покажа како исклучително интересна тема, бидејќи се работи за човек за кој знаеме многу малку бидејќи „тој не е човек, тој е Брандо‟.

Рејли имал пристап до стотици часови на аудио материјал, до снимки кои ги снимил самиот глумец, а тоа е основна причина поради која во филмот го слушаме само Брандо и неговите размислувања за животот, убиствата, самоубиствата и за зависностите.

  1. Going Clear: Scientology and the Prison of Belief

Ако не ви се доста лудости, Алекс Гибнеј ни даде уште еден одличен документарец кој се бави со „чудесиите‟ на саентологијата, а како што можете да претпоставите, филмот ги разгневи сите видни саентолози кои одбија да учествуваат во снимањето.

Иако се работи за солиден документарец, се работи за одлично истражена тема, а многумина ги заболе и пораката од сите кои сметаат дека поради своите уверувања се над законот.

  1. Winter On Fire: Ukraine’s Fight for Freedom

Почна како мирен протест на студентите, а заврши како насилна револуција во чиј тек се бараше смена на претседателот, а ова е неверојатен приказ на уште поневеројатна мобилизација на речиси милион граѓани кои одлучиле да стават крај на корумпираниот режим кој користел екстремна сила за да го замолчи сопствениот народ.

Очекувано, само трејлерот предизвика гневни расправи во коментарите меѓу тие кои тврдат дека се работи за врвен документарец и тие кои тврдат дека тоа е провидна пропаганда.

  1. The Mind of Mark DeFriest

Во годината која обилуваше со одлични вистинити приказни, приказната на Марк де Фрист е една од необичните.
Имено, во доцните 70-ти години, Де Фрист завршил во затвор поради кражба на алат кој припаѓал на неговиот починат татко. Интересниот дел од приказната? Поголемиот дел од времето го поминал во затвор. Причина? Неговите постојани обиди за бегство.
„Да сум силувач или убиец, веќе ќе ме пуштеа на слобода. Но, јас сум идиот поради кој тие излегоа идиоти‟ – вели во еден момент Де Фрист.

  1. Best of Enemies

На хартија, овој филм делува како жива досада или барем филм кој се вади „од ракав‟ кога сакате да излезе подобар од просечен голтач на блокбастери и мејнстрими. Имено, се работи за телевизиски пресметки на легендарниот либерал Гор Видал и неговиот подеднакво легендарен идеолошки антипод десничарот Вилијам Ф. Беклеј Џр.

Но, еднаш кога ќе се навлечете, навистина се работи за забавен и непретенциозен документарец кој не враќа во времето кога во етерот немало какофонија на ставови, а жестоките интелектуални пресметки на двајцата брилијантни и духовити ликови, верувале или не, е спектакл за кој по неколку години можете да снимите одличен документарец.

  1. Cartel Land

Да постои награда за најголеми јајца во светот на документарците, би завршила во рацете на луѓе кои го снимија овој филм, бидејќи снимателите често се изложуваат на опасност, но само ретки трчаат на места каде што се пука.
Лудо.
Главно, Метју Хеинеман следи две групи на борци против картел. Од една страна се др. Хозе „El Doctor‟ Mireles и неговата група од доброволци Autodefensas, од друга е ветеранот Тим „Nailer‟ Goley и неговата група Аризона Бордер Рекон, а сето тоа го снимаат тотални лудаци кои даваат неверојатен увид во јалова војна против дрогата.

  1. The Look of Silence

Фалениот дански режисер Џошуа Опенхајмер продолжува таму каде што застанал во фалениот „The Act of Killing‟ кој во 2012 година го воодушеви светот. Имено, и овој пат се работи за приказни поврзани со Индонезискиот масакр во кој во 1965 и 1966 година три милиони луѓе ги загубија животите (иако, како што обично се случува во вакви случаи, се жонглира со различни бројки).

Овој пат приказната ја следи средовечен Индонежанец кој, преправајќи се дека е оптичар, доаѓа да се соочи со луѓе кои го убиле неговиот брат, а оваа потресна и прекрасно снимена приказна веројатно ќе биде номинирана и за награда на Академијата.

  1. The Jinx

Барате олицетворение на злото? Роберт Дарст е се што ви треба.Документарната мини-серија HBO е вистинско задоволство за вљубениците во „true crime‟ поджанр, а и ни даде еден од најморничавите негативци кои без проблеми можат да стојат рамо до рамо со најголемите филмски злосторници на сите времиња.

Тој е поприлично психотичен, намерно провоцира, склон е кон убивање на сите кои му замеруваат, но во исто време и исклучително богат поради што повеќе од 30 години успешно избегнува доживотен затвор иако повеќе или помалку на сите им е јасно дека е виновен.

Многумина последната епизода ја нарекоа една од најдобрите моменти во историјата на телевизијата и не се далеку од вистината, бидејќи ако ова беше игран филм, би помислиле дека сценаристите малку се занеле и претерале.

  1. Making a Murderer

Американските медиуми овие денови се преполни со текстови за неверојатниот случај на Стивен Ејвери, 53 годишен човек кој во затвор поминал повеќе од половината од својот живот, а најлошо е тоа дека најверојатно е невин.

Имено, прво 18 години поминал зад решетки целосно недолжен, а обвинението било силување и обид за убиство. Модерните методи на истрага ја докажале неговата невиност, но и свесното забошотување на истражувачите кои не само што го уништиле животот на Ејвери, туку во исто време на слобода го пуштиле вистинскиот виновник кој по некоја година подоцна силувал уште една жена.

Но, тоа е само првата епизода на оваа мини-серија од 10 продолженија, вовед во она што се случило подоцна.
Значи, истите луѓе кои невин го сместиле во затвор, недолго по излегувањето на слобода, повторно го обвиниле, но овој пат за убиство и тоа во неверојатен и далеку покомплициран случај кој ја поларизираше јавноста.

Индекс – Загреб