Помина фазата “Fifty Shades of Grey” | НОРМАЛНИОТ се*с се враќа во МОДА

918

Повеќе од 80 проценти од жените тврдат дека реализацијата на сексуалните фантазии ни приближно не ги исполнила нивните очекувања, а во тие сценарија им недостасува интимност со партнерот.

Ванила секс

Откако од печат излезе најпродаваниот бестселер “Fifty Shades of Grey” на E. L. James, милиони жени ширум светот ја откриле магијата на садо-мазохистичките игри во кревет и истражувања на сексуалните фантазии. Сепак, според истражувањето на шведската компанија LELO на 50.000 луѓе, на тоа му дошло крајот и сѐ повеќе жени денес копнеат по традиционалниот начин на водење љубов, пишува Medical Daily.

Феноменот на Fifty Shades of Grey има влијание врз зголемувањето на употребата на секс играчки за 80 проценти, но се чини дека жените се подготвени да ги обесат своите камшици на шајка и да им се вратат на едноставните сексуални желби.

Image result for The phase "50 shades of gray" has passed NORMAL sex is in gif

Една од причините е тоа што повеќе од две третини од жените тврдат дека различните фантазии не ги исполниле нивните очекувања на начинот на кој тие тоа го очекувале, додека на другите пак им недостасувало чувство на блискост и поврзаност со партнерот.

– Игрите на доминација во креветот често звучат подобро во имагинацијата отколку што излегуваат во реалноста, бидејќи на многу жени за постигнување на оргазам потребно е чувството на сигурност и емотивна поврзаност – објаснил д-р . Justin Lehmiller, кој ја проучувал психологијата на човековата сексуалност.

Така “нормален” секс без употреба на помагала или претходно договорени сценарија, кај Американците познат како “ванила секс” станува сѐ почеста желба на припадничките на поубавиот пол.