Три работи кои никогаш не треба да ги носите во чанта

599

Без оглед на тоа дали имате мала и голема чанта, ако сте жена, многу е веројатно дека во чантата да имате милион работи и многумина, особено мажите, се прашуваат како сето тоа го собрало таму и од каде ги извлекувате сите тие работи.

Но во вашата „дупка без дно“ најверојатно чувате и некои работи кои не би смееле, а тоа е:

1. Сметки

Погрижете се на крајот на секој ден од чантата да ги извадите сите сметки. На сметките и извештаите можат да се кријат податоци за вашата кредитна или дебитна картичка, но и вашиот потпис поради што лесно можете да станете жртва на измама. Но, и ако не стравувате од тоа, запомнете дека нивната губење може да претставува голема мака во случај нешто да треба да се врати, замени или е под непотврдена гаранција. Затоа, внимавајте на сметките.

2. Чекови

Тие содржат ваши банкарски податоци, адреса, а многу веројатно и отпечаток на потпис. Дури и празните чекови крадците можат да ги уновчат без многу мака. Така што, ако однапред знаете дека тој ден треба нешто да платите со чек, извадете еден од книшката и земете го со себе.

3. Пасош

Никогаш немојте со себе да носите пасош поради идентификација, затоа што ако го изгубите ви се заканува можност на крадење идентитет. Кога патувате во странство, оставете го пасошот во хотелски сеф, а со себе секогаш имајте копија од пасошот. Имено, губењето пасош во странство ќе предизвика големи главоболки, затоа што го вклучува патот во амбасадата, многу документи и многу стрес.