Родителството е тешка животна задача, сигурно една од најтешките, а во таа „работа“ има различни видови родители. Според некои главни одредници родителството можеме да го поделиме во неколку интересни стилови.
Работохоличар
- На детските забави ве напаѓаат и ви раскажуваат за последниот деловен проект и истовремено постојано ги прегледуваат пораките на својот телефон.
Љубител на алкохол
- На забавите носи вино и со уживање зборува за пиењето алкохол. Или во паркот напоменува како добро би ви дошла по една чашка. Малку сте загрижени за него.
Хипстер
- Ги облекува децата во тесни фармерки, огромни очила и маици со Секс Пистолс.
Родител-експерт
- Ве прашуваат како и со што ги храните децата, како ги одвикнувате од пелени, како ги успивате, а потоа нашироко ви објаснува што прават тие поинакау и зошто својот начин го сметаат за подобар.
Зависник од социјални мрежи
- Не поминува ниту ден, а да не стават фотографија со детето на Фејсбук или Инстаграм. А оние што се малку поголеми зависници ставаат и смники на Јутјуб.
Опседнати со готвење
- На ниту еден настан не доаѓаат со барем две чинии, преполни со печени домашни колачиња.
Оние кои вe заплашуваат и се малку чудни
- Ве плашат со своето чудно однесување, но нивните и вашите деца се согласуваат, па морате да се дружите со нив.
Опседнати со излежување
- Овие типови на родители некако успеваат да ги воспитуваат своите деца без да станат од омилената фотелја или од каучот.
Продолжува на страна 2



















