Какви се видови на родители постојат

2728

Прерано остарени

  • Ја ишишале костата, носат високи фармерки, џемпери и комфорни чевли.

Негрижливи

  • Никогаш не гледаат кога на детето му тече носот. Никогаш не забележуваат кога детето паѓа од лизгалките, клацкалките или нишалките.

Команданти

  • Ги третираат децата како војници, очекуваат целосна дисциплина и послушност. Децата се плашат од нив, а исто така и вие.

Опседнати со здравјето

  • Некако успеале да ги принудат децата да сакаат брокули, блитва и останата здрава храна и ве осудуваат што на децата понекогаш им давате брза храна, но премногу се пристојни за да ви го кажат тоа и само мистериозни ви се смешкаат.

Големи деца

  • Го хранат својот комплекс на Петар Пан, играјќи си со часови во игротеките, гледајќи цртани или играјќи некои други игри со своите деца.

Хеликоптер

  • Цел ден се подготвени и во низок старт стојат пред детето за да не падне, за да соберат нешто нечисто или едноставно сакаат да се тука, доколку на децата им треба прегратка.

Неверојатно кул родители

  • Тоа се оние поради кои родителството ви изгледа толку лесно и фасцинантно. Не ве асоцираат на никакви бебешки грчеви, на мачното менување пелени. Секогаш се насмеани, средени и толку кул, што им завидувате.

Родители кои премногу се трудат

  • Очајни се во желбата да бидат кул и се трудат да ги убедат сите, па и себе си дека се исти, како и пред да ги имаат децата.

Фалбаџии

  • Устата им е полна со децата и нивните достигнувања, напредок, новите вештини. Бла, бла, бла. Помалку ви се лоши од нив.