Квалитетот на калориите е поважен од квантитетот

256

Не сите видови калории добиени од различни извори, се апсорбираат на еднаков начин. Затоа и не секогаш диетите се подеднакво успешни.

Ако мислите дека можете да замените 200 калории кои потекнуваат од протеини со 200 калории добиени од јаглехидрати – се лажете . Бројката во случајот не е еквивалентна и не е добро да се раководите само од бројките, бидејќи нема да имате ефект.

Количината калории секогаш е важна. Но, она што е суштинско, е нивниот квалитет. Веројатноста е голема да наталожените маснотии се должат токму на заблуди во однос на калориите.

Врската меѓу јагленохидратите, преработена храна, дебелината и болестите е тесна. Еве неколку примери за тоа каква е врската на калориите со дебелината и здравјето.

Влакна

Влакната ја забавуваат апсорпцијата на калории. Ако изедете 160 калории добиени од бадеми, на пример, ќе апсорбирате само 130, бидејќи еден дел од калориите се преку влакна, кои се преработуваат во цревата каде цревните бактерии ги користат како директен извор на енергија.

Протеини

За разградување на протеините телото троши најмногу енергија. Метаболизмот се забрзува, а уште поголем ефект во согорувањето на калории има и зголемувањето на телесната температура. Калориите стекнати од протеините, ги намалуваат хормоните на гладот, што дава долготрајно чувство на ситост.

Јаглехидрати

Скробот (во компирот, на пример) содржи главно гликоза, која секоја клетка во телото ја користи за енергија. Фруктозата во газираните пијалоци и бонбоните, на пример, се додава кон сите други шеќери внесени во денот.

Овие јаглехидрати се преработуваат во црниот дроб во форма на масти, што е механизам кој дава предуслов за отклучување на дијабетес и други метаболни заболувања.

Затоа е важно не само да го сметате бројот на прифатени калории, но да ги имате предвид и нивниот тип, потекло и квалитет, за да се балансира вашата исхрана.