Дезодорансoт треба да се користи навечер

1017

Ставањето дезодоранс наутро може да изгледа како разумен начин да започнете денот, но истражувањата покажуваат дека антиперспирантите дејствуваат поефикасно ако се применуваат вечер.

Во истражувањето учествуваат 60 жени на возраст меѓу 18 и 65 години. Оние кои користат дезодоранс пред да си легнат, го намалуваат лачењето на пот за многу подолго време отколку жените кои го прават тоа наутро.

Иако уште не е јасен точниот механизам, што објаснува зошто тоа е така, научниците се сигурни дека дезодорансот влегува во порите многу поефикасно, додека спиеш, а не кога да се движиш.

Според експерти логиката може да се крие во тоа што во текот на ноќта не чувствувате толку силни емоции како во текот на денот, не се потите толку многу, што му овозможува на производот да работи подобро, да се впие во кожата поефикасно.