Сопствениците на овие миленичиња најмногу изневеруваат

1489

Домашните миленици ја “издаваат” не само природата на сопствениците, но и склоноста кон изневери, пишува “Дејли експрес”, цитиран од агенциите, повикувајќи се на резултатите од истражување направено во Велика Британија.

Анкетата спроведена меѓу повеќе од 700 корисници на страницата за вонбрачни активности Illicit Encounters покажува дека само 10 проценти од нив се сопственици на кучиња – сведоштво дека слично на своите животни, сопственици се посветени и лојални и немаат тенденција да предаваат довербата на партнерите.

На другата страна се сопствениците на мачки – излегува дека тие се најголемите изневерувачи. Анкетата открива дека 25 проценти од корисниците на сајтот имаат мачки.

По сопствениците на мачки најневерни се наоѓаат имателите на рипка (16 проценти од регистрираните членови на сајтот за вонбрачни афери). Следат сопствениците на хрчаци (13 проценти), на зајаци (11 проценти) и на влекачи (11 проценти).

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.