Големо откритие кај Галапагос | Откриен досега непознат корален гребен | Фото/Видео

724

Досега се сметало дека само еден корален гребен во близина на Galapagos ги преживеал временските настани на El Niña од раните 1980-ти.

Галапагос повторно не изненадува, објави на Twitter министерот за животна средина на Еквадор, Jose Davalos, објавувајќи го големото откритие на нивната неодамнешна научна експедиција.

Имено, во близина на островите Galapagos, научниците пронашле нов, досега неоткриен корален гребен со изобилен морски живот. Гребенот е долг околу 2 километри и се наоѓа на врвот на подморска планина, на околу 400 метри под површината на морето.

Досега се сметало дека само еден корален гребен во близина на Galapagos ги преживеал временските настани на El Niña од раните 1980-ти. Ефектот на El Niña се почувствувал низ целиот свет преку суши, поплави, недостаток на снег на местата каде што е вообичаен, бројни урагани и други временски непогоди.

Коралните гребени исто така биле уништени, а научниците верувале дека само гребенот Wellington останал околу Galapagos, покрај брегот на островот Darwin.

Новото откритие на научниците покажува дека Wellington не е единствениот корален гребен што преживеал и дека на новооткриениот гребен има повеќе од 50 отсто живи корали, објавија тие за Reuters.

Според Stuart Banks, морски научник од Фондацијата Charles Darwin, кој учествувал во оваа експедиција, овој корален гребен е стар најмалку неколку илјади години.

Инаку, минатата година Еквадор го прошири морскиот резерват Galapagos на дополнителни 60.000 квадратни километри, со цел да ги заштити загрозените миграциски видови меѓу Galapagos и островите Cocos во Костарика.