Холестерол | Како да го претвориме?

1525

Зошто едно од најчестите истражувања кои ни го препишува личниот лекар, е тоа за нивото на холестерол во крвта? Зошто е толку важно тие да се на норма и како да ги одржуваме во здрави граници?

Што претставува?

Холестеролот е витално, мастна подобна супстанца која се содржи во секоја клетка на нашиот организам, како и во нашата крв. Поголемиот дел од холестеролот се произведува во црниот дроб, а останатиот ја набавуваме преку храната.

Зошто ни е толку потребен?

Холестеролот има исклучително важни карактеристики за нашето тело и функциите: учествува во изградбата на мембраните на клетките и во формирањето на половите и надбубрежните хормони; без холестерол организмот не може да синтетизира витамин D, кој ни е потребен за здрави коски, ниту пак да произведува жолчните киселини, без кои мастите во организмот не можат да бидат преработени правилно.

Ризиците кога е зголемен

Кога во организмот се натрупува вишок на холестерол, тој не може да биде разграден и тоа крие ризици за здравјето. Главната опасност е од појавата на атеросклероза, која пак е причина за повеќето кардиоваскуларни болести како инфаркт на срцето. Еве што се случува при атеросклероза: на ѕидовите на артериите се акумулира непреработениот “лош” холестерол; а тоа води до стеснување на артериите, до влошување на снабдувањето со крв на срцето па дури и до прекин на протокот на крв во него. А тоа може да има фатални последици.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2