Нутриционистите истакнуваат дека дури 20% од дневниот внес на вода може да се прими преку храната, особено овошјето и зеленчукот кои содржат околу 90% вода во својот состав.
Токму затоа ова се намирниците кои ќе ви помогнат да го одржите вашето тело хидрирано и здраво:
Зелена салата
Содржина на вода: 95,6 %
Нутриционостите често ја исклучуваат од листата на пожелни зеленчуци бидејќи е нутритивно сиромашна. Но кога станува збор за количество на вода таа предничи како една од најголемите ризници на течности.
Листови целер
Содржина на вода: 95,4 %
Целерот содржи многу малку калории, само шест по стебло, додека неговите влакна и вода помагаат во контролата на гладот и апетитот.
Домати
Содржина на вода 94,5 %
Ситни парчиња домати и малку сирење можат да бидат одлична ужина. Големото количество вода кое го содржат мноу брзо го хидратизира телото.
Зелена пиперка
Содржина на вода: 93,9 %
Сите пиперки имаат висока содржина на вода, но зелените се оние кои се во предност. Жолтите и црвените имаат малку помала вредност (околу 92 % ).
Карфиол
Содржина на вода: 92,1 %
Освен што содржи многу вода, карфиолот е и богат со витамини, а најдобро е да се консумира во свежа состојба.
Продолжува на страна 2



















