Мистериозното суштество, популарно наречено „Неси“, е своевидна урбана легенда и популарна туристичка атракција во Шкотска. Во минатото имало толку многу средби со подводното чудовиште што во меѓувреме бил воспоставен официјален регистар на средби.
Туристичкиот водич Роналд Мекензи ја сними најновата „средба“ со Неси на опрема за сонар за време на неодамнешно крстарење. Другите ловци на чудовишта кои редовно го следат регистарот на појави, тврдат дека оваа слика дава „најубедлив доказ“ дека постои мистериозно суштество.
Средбата се случи на половина пат од Инвермористон, каде водата достигна длабочина од 189 метри.
Бевме точно среде езерото. Сцената траеше околу 10 секунди и никогаш во животот не сум видел такво нешто. Беше долга најмалку 10 метри,, вели Мекензи.
Сепак, Мекензи не тврди со апсолутна сигурност дека живописната слика на сонар „фатила“ чудовиште со долг врат, а не нешто земно.
Верувам дека има нешто во езерото што никој не знае што е тоа, дали е тоа голема јагула или есетра, или некаква голема риба – па дури и Неси, прецизира Мекензи.

Експертите кои ја проучувале фотографијата на Мекензи ја опишуваат како „100 проценти автентична“, но исто така наведуваат дека е можно на неа да се гледаат лушпи од риба или есетра.

Експертот од Лох Нес, Стив Фелтам, ја опиша фотографијата како „исклучително возбудлива“.
Го познавам Роналд Мекензи 30 години. Тој е момче кое не бара публицитет и се двоуми околу фантастичните теории на Неси, ја коментираше Фелтам сликата.
Само оваа година, официјалниот регистар за набљудување на чудовиштето во Лох Нес забележа осум можни видувања на мистериозното суштество, сè уште помалку од рекордниот број, 18 регистрирани видувања минатата година.



















