Мапа на земјите во кои проституција е легална или забранета

458

Картографот Јакуб Маријан креирал мапа на Европа означувајќи ги земјите во кои проституцијата е легализирана и земјите во кои се смета за кривично дело.

Мапата ги опфаќа најголемите казни пропишани за ова делo, но и дали се казнува сексуалната работничка или муштеријата.

Во земјите на Источна Европа и Балканот се казнува проститутката, а не клиентот. Проституцијата е забранета во Русија, а максималната казна е 30 евра, Литванија – 140 евра, Белорусија – 140 евра и 15 дена затвор, Украина – 8 евра, Романија – 330 евра.

Исто така се наведува дека ова кривично дели во Србија е со максимална казна од 330 евра или 60 дена затвор, во Македонија 800 евра, во Хрватска 110 евра, а се одговара и во Црна Гора и Албанија.

Законот дозволува проституција во Германија, Австрија, Швајцарија, Грција и Турција, како и во Унгарија и во Латвија.

Во Италија, Шпанија, Британија, Холандија, Белгија, Бугарија, Полска, Чешка, Словачка најстариот занает на светот е легален, но не е регулиран, додека во Норвешка, Шведска, Франција, Ирска и на Исланд е легален, но се казнуваат клиентите.

Најголема е казната за клиентите во Норвешка, и изнесува 2.700 евра, додека во Франција е 1.500 евра, пишува Independent.