Полнети домати со моцарела

2217

Потрбно

  • 12 просечно големи домати (по 2 домати на порција)
  • 300 г ориз
  • 300 г печени црвени пиперки
  • 5 лукчиња
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • Гранче босилек
  • 50 мл масло
  • 200 г чадена моцарела
  • 4 чаши зеленчукова супа

Подготовка

  • Зеленчукот се сече на ситно и се става на загреана тава.
  • Потоа се додава оризот.
  • Кога зрната ќе станат транспарентни дополнете со супата.
  • Додека филот се подготвува исечете ги доматите.
  • Кога оризот е подготвен може кон филот да ја додадете внатрешноста од издлабените домати, босилек, сол и црн пипер.
  • Гответе уште околу 10 минути.
  • Потоа наполнете ги доматите и како капак ставете по едно парче моцарела.