Насилно и агресивно однесување на врсници | Дури три-четвртини од децата доживеале насилство од врсниците

1918

Насилниците најчесто малтретираат послаби од себе, деца кои не знаат како да се изборат за себе и соучениците кои лесно се вознемируваат. Насилството треба да се пријави кај возрасните.

Подигрување, подбивање, исклученост од друштвото и кражба на детските работи – само се некои од видовите на насилство со кои децата се соочуваат во училиште. Три четвртини од децата барем еднаш во својот живот искусиле заплашување. Ваквото однесување може да резултира со емоционална вознемиреност и проблеми во однесувањето. Како резултат на тоа, може да се забележи агресија, осаменост и депресија, пишува Kids Health.

Децата кои малтретираат други, обично тоа го прават за да бидат популарни, бидејќи бараат внимание или за да се покажат поважни отколку што тоа навистина се. Со малтретирањето на послабите од себе стануваат помоќни и поважни.

Нивните жртви се најчесто деца кои се различни од нив и обично тоа се физички послаби деца, помлади колеги од училиште, деца кои не знаат како да се изборат за себе и оние деца кои лесно се вознемируваат.

 Во справувањето со насилникот 

Таквото однесување треба да се пријави на возрасните, без разлика дали тоа ќе бидат родителите, наставниците или директорот. Со тоа на насилникот и на сите други кои се однесуваат на тој начин јасно му се дава до знаење дека нивното понижување и малтретирање нема да се толерира.

Средба со насилникот 

Игнорирајте го: Силеџијата најдобро е да се игнорира, бидејќи тој се “храни” со бурни реакции и со стравот.

Заземете се за себе: Ако насилникот не се откажува “глумете” храброст. Едноставно дајте му до знаење како не може да ве повреди и заминете на сигурно место. Заземете се за себе, исто како што тоа би го направиле за пријател.

Без насилство: Обидете се да бидете смирени, не го удирајте и не го навредувајте насилникот. Ова ќе му даде задоволство какво што го бара, но може да биде опасно за вашето здравје.

Кога се двајца секогаш е полесно: Насилникот обично се нафрлува врз послабите и осамените, па е најдобро до себе секогаш да се има пријател.

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk