Тест за личноста | Дали најголемата желба ќе ви се оствари?

673

Уште еден во серија тестови за личноста. Врз основа на неколку реченици, или врз основа на една слика, можеме да дознаеме многу за самиот човек, за неговите желби и стравови.

Пред вас има пет рози, а вие само треба да ја разгледате сликата и да изберете една од нив. Направете го тоа по случаен избор или едноставно одберете роза која е најубава за вас.

Секоја роза ве опишува. Не размислувајте премногу пред да одберете некоја, така изборот може да биде погрешен и тестот нема да биде точен.

Па да тргнеме …

Ако сте ја одбрале розата број 1.

Вие сте екстремно емотивна личност. Розата број еден ја симболизира тагата бидејќи самата така изгледа. Вие во душата сте едно големо дете и лесно емотивно ранливи. Може да ве повреди и најмала ситница од причина што умеете потполно да се предадете, дали во пријателство или во емотивна врска. Вашите тајни не ги издавате така лесно на другите, затоа што се плашите од предавство.

Семејство ви е од најголема важност, но, исто така, важна улога за вас во било која врска игра, довербата. Без неа, не можете да работите. Кога станува збор за парите, не сте некој кој ќе ја продаде душата на ѓаволот за нив, туку како и во сите други ситуации ве задоволуваат ситници, т.е. ви требаат онолку колку за нормален живот.

Вашата најголема желба е да најдете љубов од вашите соништа, т.е. љубов од бајките, во која емоциите се вечни, а крај не постои, како во оние стари приказни “живееле среќно до крајот на животот.” Токму тоа ви треба, некој кој може да ве разбере, и да ве сака и да ве прифати такви кави што сте. Вие во љубовта сте верни и вашиот најголем проблем е во тоа што многу тешко се наоѓа некој какви што сте вие.
Имаме добри вести за вас, вам ви е судена вистинска, љубов од соништата, но ќе треба многу пати да се убодете на трн, пред да дојдете до розата, т.е. до партнерот, кој е подготвен да ви ги даде сите во свој живот.

Продолжува на страна 2