Еден од најпознатите британски стоматолози се вклучил во дискусија за вистинското време за миење на забите.
Корисниците на TikTok во последно време се расправаат дали да ги мијат забите пред или после појадокот. Стоматолозите што ја користат популарната платформа проговорија за оваа вечна дилема и го дадоа својот суд.
„Измијте ги забите, појадувајте и испијте кафе за помалку од 30 минути, а потоа исплакнете ја устата со вода“, советува популарниот стоматолог dr.m.
Стоматолошката хигиеничарка avaene.r исто така советува четкање на забите пред појадок. “Четкањето веднаш после оброк може да ги оштети забите. Ако навистина треба да ги миете забите после појадокот, почекајте 30 до 45 минути”, вели таа.
“Бактериите се акумулираат на забите во текот на ноќта. Миењето на забите пред појадок води до свеж здив и превенција од кариес”, вели студентката по стоматологија dancingdmd.
Заштитете го емајлот/глеѓта
По долгогодишно четкање на забите после појадок, многу корисници на TikTok се шокирани од стоматолошките совети.
Еден од водечкте британски стоматолози Harley Street се приклучил во дебатата.
“Ова е вечна дилема, но мојот професионален совет е дека не е важно дали ги миете забите пред или после појадокот. Важно е колку долго чекате помеѓу овие активности. Имено, скапоцената глеѓ што ги покрива забите привремено е ослабена после јадење поради киселини присутни во храната па со четкање ризикувате да ја оштетите“, објаснува тој за The Sun.
Емајлот/глеѓта не може да се врати, затоа треба да се внимава на неа. Треба да почекате најмалку 30 минути после јадење пред да ги измиете забите или да ги измиете најмалку 10 минути пред да јадете, така што активните состојки во пастата за заби ќе ја завршат својата работа и ќе ги заштитат вашите заби или ќе ја зајакнат глеѓта.



















