Virgin Galactic продава влезници за лет во вселена | На заинтересираните нудат три опции. А цената?

1100

VIRGIN Galactic им нуди на заинтересираните три опции: купување на едно седиште, пакет со неколку седишта, на пример за парови или група пријатели и можност за изнајмување на целиот авион.

Virgin Galactic, компанија за вселенски патувања во сопственост на Richard Branson, објави дека ќе пушти во продажба билети за вселенски летови за 450.000 долари по седиште, неколку недели откако Branson полета до самиот раб на вселената. Компанијата веќе продала околу 600 билети помеѓу 2004 и 2014 година, а цената во тоа време била помеѓу 200.000 и 250.000 долари.

Можете да го изнајмите целото летало

Virgin Galactic на заинтересираните им нуди три опции: купување на едно седиште, пакет со неколку седишта, на пример за парови или група пријатели и можност за изнајмување на целиот авион. Следниот вселенски лет на Virgin Galactic е закажан за крајот на септември. Тоа е истражувачки лет заедно со италијанските воздухопловни сили, а полетува од Ново Мексико.

На 12 јули, Branson полета до работ на вселената со голем вселенски брод Virgin Galactice SpaceShip Two со вселенската ракета VSS Unity.

Неколку минути бестежински восхит

На околу 15 километри надморска височина, бродот се оддели од својот авион-носач и започна со суперсонично искачување, сѐ до 80 километри надморска височина, висина што САД ја определи како граница на вселената.

Патниците потоа можеа да ги одврзат појасите и да доживеат неколку минути бестежинска состојба, восхитувајќи се на заобленоста на Земјата гледајќи ја низ 12 прозорци од кабината. VSS Unity потоа слета на пистата во базата Spaceport America во американската држава Ново Мексико.