Што правите ако шефот ви се додворува?

551

Тој ве распрашува за детали од приватноста

Сите кои работат во канцеларија, на пример, сосема е нормално во текот на осум часа работно време да споделат и по некој детаљ од приватниот живот. Но, кога шефот ќе почне да ве испрашува со кого излегувате, живеете и спиете, тоа е знак за нешто чудно.

Ако уште притоа спомене дека мрази кога дома нема кој да го пречека и спие сам во кревет, или пак ако се пожали на неговата досадна сопруга – знајте дека претерува. Тогаш едноставно не одговарајте на непријатни прашања за приватниот живот. Прекинете го разговорот што поскоро со објаснување дека имате многу работа.

Постојано ви се јавува

Кога не сте на работа, веројатно сте достапни на мобилен. Ако вашиот шеф почне да ви се јавува и доцна навечер или за време на викенд, се надеваме дека има навистина важни службени причини.

Спречете ја можноста деловниот разговор да прерасне во приватен и јавете се со одлучен професионален тон, дури и ако се спремате за спиење или ја гледате омилената ТВ серија.

Ви купува подароци само вам

Ако останатите вработени од шефот добиваат електронска честитка а вам ве чека завиткано подароче на работната маса, повторно нешто не е во ред. Ако притоа ве замоли да не кажете на никој друг дека тој ви дал подарок, тоа е класичен знак дека тој сака љубовна афера.

Љубезно одбијте го подарокот, речете му дека е премногу дарежлив, но дека подарокот не можете да го прифатите.

Постојано бара (само од вас) да работите прекувремено

Ако не сте му лична асистентка и вашата работа не е да бидете негова сенка, постојаната потреба да работите прекувремено, со него, е знак дека тој сака афера. Наместо да го обвинувате, понудете му решение.

Признајте му дека сте оптеретени со работата и дека можеби е време да викне уште една личност која би ви помогнала во извршувањето на задачите. Ако ни ова решение не ве спаси од непотребната прекувремена работа, спомнете му дека имате ново момче. Тоа би требало во потполност да го обесхрабри.

Постојано е блиску до вас

Се прашувате ли зошто тој постојано се задржува на вашата работна маса и покрај тоа што има удобна канцеларија? Одговорот е јасен: сака интимно да ви се приближи. Ако често тој се потпира или седнува на вашата работна маса, потрудете се целата да биде исполнета со документи.

Ако почне да ве допира, веднаш упатете се до канцеларијата за човекови ресурси. По службениот разговор соочете се со него и признајте дека сериозно ја сфаќате својата работа и дека сметате дека тој ве спречува да го остварите својот целосен потенцијал. Веројатно ќе биде лут, но конечно ќе ја сфати поентата.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback !!! 

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world – Cashback враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување