4 најчести грешки при пишување CV

1368

Ако сакате да ве викнат на интервју секаде каде што ќе го пратите вашето CV, водете сметка за следниве нешта…

Грешки

Дури и неколку правописни или граматички грешки може да укажат на тоа дека сте мрзливи и не многу заинтересирани за работа. Некогаш е тешко да се воочат ваквите грешки, па затоа дајте го CV-то некој друг да го прочита пред да го пратите.

Лош изглед и формат

CV-то е показател за вашиот начин на презентација. Ако со него не можете да го привлечете вниманието, како ќе го направите тоа на состаноците?

Држете се до овие три правила:

  1. Бидете концизни
  2. Користете класичен фонт
  3. Ставете ги личните податоци најгоре, а потоа преминете на кариерата почнувајќи од последното работно место па наназад.

Општо CV

Доколку имате само едно CV и исто го праќате секаде, за многу работодавци тоа значи елиминација уште во старт. Затоа истакенете го она што е најважно за работата за која аплицирате.

Лаги

Ова е опасно поле, иако 31% од луѓето признаваат дека по малку претеруваат во опис на своите вештини, со цел полесно да дојдат до работа. Доколку ве откријат дека лажете, сигурно нема да ја добиете работата, затоа што никој не сака да вработи некој на кој не може да му верува.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback !!! 

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување