На најголемиот сателит на Плутон Charon, имало вода | Видео

1376

Фотографии од сондата ”Нови хоризонти” открија дека Харон, најголемиот сателит на Плутон, имал течен океан под слојот мраз на површината, соопштува Франс прес.

Харон бил снимен од камерата Лори од далечина од 78 илјади километри на 15 јули 2015 година. Од сликите се гледаат тектонски пукнатини со големи Висорамнина и многу длабоки долини.

Таква испреплетеност на кањони е една од најдолгите забележани во Сончевиот систем. Таа се шири најмалку 1800 километри со длабочина која достигнува до 7,5 километри. За споредби Гран Кањон во Колорадо е со должина од 446 километри при максимална длабочина од 1,6 километри.

Тектонскиот пејзаж на Харон зборува за тоа дека оваа месечина на Плутон била зголемена во минатото и тоа е од напукнувањето на нејзината површина. Надворешниот слој е составен од мраз.

Во рана фаза оваа површина била затоплувана од распадот на радиоактивни елементи и од внатрешната топлина по обликувањето на јадрото. Во тоа време Харон бил доволно загреан за да постои течен океан под ледената обвивка.

Бонус видео: