ТЕЧНОТО ЗЛАТО | Населението на Крит ја крие тајната на долгиот живот | Видео

369

Просечен маж од грчкиот остров Крит живее 82 години, а и покрај фактот што многу пуши и пие, дури и ако е со прекумерна тежина, не покажува никакви знаци на ризик од срцев удар. Научниците биле изненадени сѐ додека не го пронашле одговорот: она што Грците го нарекуваат течно злато.

Истражување кое пред две години е објавено на симпозиум под покровителство на Обединетите нации во Њујорк, кој го водел професорот Ден Кромхаут од Универзитетот во Вагенинген, а кое траело педесетина години, од 1960 до 2010 година, покажало дека мажите од грчкиот остров Крит живеат во просек дури 6 години подолго отколку нивните врсници во холандскиот град Zutphen во провинцијата Gelderland.

Во истражувањето учествувале 13.000 мажи, а покрај Холанѓаните и Грците имаше и луѓе од Италија, Холандија, Финска, САД, Јапонија и од поранешна Југославија, барем додека не се распаднавме.

Според оваа студија, просечен животен век на жител од Крит е 82 години, додека во Zutphen бројката е прикована на 76. Ова се должи на ефектот на традиционалната критска кујна, но исто така, и поголемата должина на теломерите (тоа е кратка повторлива низа на нуклетоиди на крајот на хромозомите кој хромозомот, како носител на генетскиот материјал , го заштитува од деградација). Со други зборови, не е само исхраната, туку, исто така, и ДНК.

Со оглед на тоа што ДНКто не можете да го промените, да се фокусираме на исхраната. Меѓу жителите на Крит и жителите на Zutphen нема речиси ништо заедничко, а тоа не може да се каже што се однесува до исхраната меѓу нив и нас.

Традиционалната локална кујна на Крит е богата со “течно злато”, како што Грците го нарекуваат маслиновото масло, но,исто така и други растителни производи, како што се црниот леб, овошјето, зеленчукот и мешунките. Јадат помалку риба отколку што мислевме, а црвено месо и млечни производи речиси дури и не јадат.

Покрај тоа, внесуваат во себе и умерени количини на вино, а при тоа се физички многу активни. Сето ова, кога ќе се собере води до намалување на ризикот од срцев удар и долг живот.

Од друга страна, жителите на Zutphen во текот на ова истражување јаделе малку овошје, зеленчук и мешункасти плодови, а внесувале големи количини на животински производи како црвено месо и млечни производи, маргарин со заситени масти.
Се чини дека, сепак, маслиновото масло е најважниот елемент во целата приказна; особено ако се земе во предвид дека Грците се најголеми потрошувачи на овој производ во светот.

Истражувањето спроведено пред една деценија особено укажува на ова. Поточно, тоа било утврдено и покрај фактот што меѓу испитаниците на Крит биле широко распространети пушењето, дебелината и алкохолизмот, речиси никој немал знаци на ризик од срцев удар.

Научниците овој парадокс, по долго размислување и испитување, го припишале на маслиновото масло.

Значи, Грците не го викаат за бадијала: течно злато!