Приказната е од третата декада од минатиот век, кога научници од Флорида, наводно, успеале да го вкрстат човекот и шимпанзото.
Суштеството кое е наводно родено со вкрстувањето е “humanzee” од англиските зборови за “човек” и “шимпанзо” (“human” + “chimpanzee”).
– Оплодиле шимпанзо со човечка сперма од анонимен донатор и тврделе дека бременоста резултирала со раѓање. Сепак, веќе по неколку дена или недели почнале да ги мачат моралните и етичките прашања па го еутанизирале – изјави Gordon Gallup за “SUN”.
Gallup е истакнат научник кој е заслужен за тестот “самопрепознавање” пред огледалото со кој докажал дека приматите ја препознаваат сопствената рефлексија.
Неговиот израз “humanzee” стана популарен во 1970-тите, кога медиумите беа преплавени со приказната за шимпанзото Оливер, за кој многумина сметаа дека е полу човек.
Оливер имаше ќелава и поправилна глава од другите шимпанза и одеше исправено на две нозе, поради што многумина беа убедени дека е хибрид. ДНК-тестот од 1996 година конечно потврдил дека Оливер бил само мајмун.
Илья Иванович Иванов е руски научник кој исто така се обидел да вкрсти човек со мајмун и на тој начин да создаде “супер хибриден воин”. Поради неговите експерименти, прво останал без работа, а потоа го уапсиле. Во 1930 година е прогонет во егзил во Казахстан на пет години, но по три години починал и никогаш не дочекал да се врати дома во Русија.



















