Млечните производи се познати по тоа што се еден од најдобрите извори на калциум меѓу храната. Не сите луѓе сепак можат да јадат млечни производи.
Некои имаат лактозна нетолеранција или алергија на млеко, други претпочитаат да се хранат според веганските принципи и ја исклучуваат сета храна со животинско потекло.
Тоа не значи дека треба да се лишат од калциум! Постојат алтернативни извори на овој важен за здравјето минерал. За да си го набавите, вклучувајте ги често во менито:
Кадрава зелка
Кадравата зелка е многу добар извор на железо, но и на калциум. Во него се содржат уште есенцијален витамин К, кој игра важна улога во транспортот на калциум во телото. Кадравата зелка може да се јаде како свежо во различни салати, така и готово или како гарнир кон други јадења.
Семиња од чија
Чијата неслучајно се приклучува кон семејството суперхрана. Нејзините корисни својства се многу и се од големо значење за организмот. Чијата е многу богата со калциум и манган, кој го засилува влијанието на калциумот и придонесува за неговата апсорпција.
Чијата може да се претвори во одлична замена за кафето рано наутро, бидејќи таа ја стимулира редовната дефекацијата, расонува и дава енергетски поттик – сите нешта кои кафето ги прави со телото. Дигестивните влакна во чија ја олеснуваат работата на цревата и придонесуваат за регулирање на инсулинската резистенција.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















