Приказна за животот – Кога ќе го разбереш ова, повеќе ништо нема да биде исто!

641

Понекогаш луѓето доаѓаат во твојот живот, почувствуваш и веднаш знаеш дека требале да бидат тука, да служат за некоја цел, да научат лекција или да ти помогнат да разбереш кој си или кој сакаш да бидеш.

Никогаш не знаеш кои се тие луѓе (можеби твојот цимер, сосед, соработник, долгогодишен пријател, љубовник, па дури и целосен странец), но кога ќе се погледнете во очи во тој момент знаеш дека длабоко ќе влијаат врз твојот живот.

Понекогаш нешто ќе ти се случи, што во почетокот може да изгледа страшно, болно и неправедно, но во освестувањето на тие ситуации ќе ја откриеш целта за надминување на тие пречки. Затоа што ако никогаш не постоеле не би го разбрале својот потенцијал, сила, волја или срце.

Сè се случува со причина. Ништо не се случува случајно или по некоја среќна околност. Болест, повреда, љубов, изгубени моменти на вистинската намера и сите глупави работи, се случуваат за да ги тестираат границите на твојата душа. Без овие мали тестови, без оглед на тоа што тие се, животот би бил како мазен поплочен, прав, пат кој води до никаде. Би било сигурно и удобно, но досадно и крајно бесмислено.

Луѓето со кои се среќаваш и кои влијаат на твојот живот, како и на успесите и падовите што ги имаш, ти помагаат да создадеш личност која стануваш со растењето. Може да се научи многу од лошите искуства. Всушност, тие веројатно се најдлабоки и најважни.

Ако некој те повреди, те предаде, или ти го скрши срцето, прости им, затоа што ти помогнале да научиш за довербата и важноста на претпазливоста при отворање на твоето срце кон некого. Ако некој те сака, тој сакај го безусловно не само затоа што те сака тебе, туку затоа што те учи на некој начин да сакаш и како треба да ги отвориш очите кон нештата.

Нека ти е важен секој ден! Уживај во секој момент и сфати дека ниту еден животен момент кој ќе го доживееш никогаш повеќе нема да се повтори. Разговарај со луѓе со кои никогаш порано не си разговарала и навистина слушај. Вљуби се, ослободи се и постави ги своите цели високо.

Држи ја главата исправена, затоа што имаш на тоа секакво право. Кажи си колку си уникатна и верувај во себе, зашто, ако не веруваш во себе, другите нема да веруваат во тебе. Можеш да го направиш својот живот како и да посакаш. Направи го својот живот и живеј го целосно без жалење.