“Вагиналните породувања не ја растегаат неповратно само вагината туку и нејзиниот влез, така што последиците не се само нарушената физиологија на континенцијата и сексуалноста, туку и на естетиката. Усните често не се споени една со друга …”
Овој гинеколог прв во светот започнал со оваа постапка, а за сега единствен е во Хрватска, кој тоа го прави во својата ординација во центарот на Загреб. Иако она што тој го прави многу луѓе го нарекуваат подмладување на вагината, doc.dr.sc. Ivan Fistonić prim.dr.med. оваа револуционерна интервенција ја нарекува – реставрација.
– Се прифатил називот подмладување, односно rejuvenacija. Сметам дека е профи и сугерира козметичка процедура. Тоа е всушност длабока медицинска индикација, па затоа сметам дека реставрација е подобро име – објаснува doc.dr.sc. Ivan Fistonić prim.dr.med. од Институтот за здравјето на жените во Загреб, и додава дека се работи за ласерски неинвазивна вагинопластика – на нехируршко “подмладување” на вагината.
Пациентките се претежно жени на кои вагината им станала премногу растеглива, заради породувањето или некоја друга траума. Тоа пак резултирало кај некои случаи да се појави инконтиненција или им е нарушен сексуалниот живот – вагината станала премногу широка, така што чувството за жените и нивните партнери станало послабо, а со тоа и сексот полош.
– Дури околу 40 проценти од жените над 35 години страдаат од некој облик на сексуална непријатност или несакан одлив на урината како резултат на проширување на вагината. За жал, ретки се оние жени, кои ќе ги истакнат ваквите проблеми во разговор со гинекологот. Повеќето мислат дека вагината ќе се врати со текот на времето во претходната состојба, или сметаат дека губењето на урината при кашлање, кивање, трчање или танцување е “нормална” појава, и не треба да се интервенира. Исто така, мислат дека самото олабавување на вагината после породувањето е неповратна состојба, а губење на сексуалната возбуда и задоволството заради премногу растегливата вагина е непоправлива – напоменува овој експерт.
Најчеста причина за олабавената вагина и на сврзното ткиво на карличното дно е траума за време на вагиналното породување, особено ако бебето е поголемо. Во тој случај, колагенот (протеин кој е основа на цврстината на сврзното и мускулното ткиво) неповратно се растегнува. Последиците се стресна инконтиненција, или губење на урината при напон – кашлање, кивање, трчање, танцување, сексуален однос ….
– Во исто време, поради олабавувањето на вагиналното ткиво, се јавува незадоволство од сексуалните перформанси и задоволството. Жената чувствува дека е “преширока”, мускулниот потенцијал е послаб, па доброволното затегање е несоодветно. Забелешките на партнерот дополнително го поттикнуваат чувството на незадоволство – вели doc.dr.sc. Ivan Fistonić prim.dr.med. и додава:
– Вагиналните породувања не ја истегнуваат неповратно само вагината, туку и нејзиниот влез, така што последиците не се само нарушена физиологија на континенцијата и сексуалноста, туку и на естетиката. Усните почесто не се припоени една до друга, па затоа долната третина од вагината е лесно видлива. Покрај тоа, зголемениот отвор на вагината им овозможува на микроорганизмите лесен влез и, можна, последична зараза – нагласува.
Оваа проблематика досега се решавала преку естетска хирургија со традиционална употреба на скалпели и конци.
– Традиционалната постапка често го нарушува снабдувањето со крв и инервацијата на вагината што може да доведе до повеќе нагласено губење на чувство и функции. Примената на ласерски техники, без употреба на нож и уништување на ткивото, се постигнува само со една постапка добра контрактилна способност на мускулите. Ласерските зраци со термички шокови стимулираат не само активирање на колагенот, туку, исто така, и неговото создавање подобрувајќи ја мускулната сила. Колагенот е, всушност, протеинот кој е основа на мускулната контракција, стегање – објаснува.
Додава дека со методот на ласерска вагинопластика е можно целосно да се зачува протокот на крвта во вагината и нејзината инервација (поврзаост со нервите кои ги пренесуваат дразбите до мозокот) без сечење на крвните садови и нервниот систем до кои се доаѓа за време на класичната хируршка интервенција.
– Со други зборови, целта на вагиналното подмладување (регенерација) е враќање на вагината и околното потпорно ткиво во нивната претходна анатомска и функционална состојба. Прецизно дозирање и насочување на енергијата на ласерските зраци резултира со безболен ефект. Протоколот предвидува три сесии за еден месец – вели doc.dr.sc. Ivan Fistonić prim.dr.med.
Прашања и одговори
Колку е ваков третман важен за сексуалниот живот на жените?
Продолжува на страна 2