Хрватска по драма со победа до полуфиналето на ЕП | Видео

1218

Ракометната репрезентација на Хрватска славеше со 25:24 (11:14) по големиот пресврт и го доби полуфиналето на Европското првенство. Херој на натпреварот беше голманот Марин Шего, кој одбрани шут на Колбахер на 13 секунди пред крајот.

Победата за каубојците им ја донесе Игор Карачиќ на нешто повеќе од една минута пред крајот, како и одбраната на Марин Шего во самиот крај на натпреварот …

Тимот на Лино Червар беше предводен од Карачиќ со седум гола и Домагој Дувњак со пет погодоци.

На Германците не им помогна одличната партија на голманот Андреас Волф, кој имаше 13 одбрани.

Победата на Хрватска во полуфиналето ја одведе и селекцијата на Шпанија, победувајќи ја Австрија 30:24.

Хрватска и Шпанија сега имаат максимален скор (3-0), две победи повеќе од Германија, Австрија и Белорусија.